Реклама
Наши ѕвезди

Ова е убавата докторка заради која Сашко Коцев денес е НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА ЦЕЛИОТ СВЕТ (ФОТО)

Една фотка, милион зборови....

Реклама

Омилениот актер сите ги воодушеви

Еден од нашите најпознати, но и омилени актери, Сашко Коцев (43), ги изненади сите со својата последна фотографија.

Имено, актерот кој често ги користи социјалните мрежи и за да искаже свој став во врска со некое општествено случувања, но и да ги најави претставите и уметничките проекти во кои учествува, овој пат не изненади со фотографија на која е со сопругата.

Маркетинг

Тој фотографијата ја сподели на својата официјална Фејсбук страница, а на неа блеска покрај својата партнерка Смиљана.

Маркетинг
Фејсбук/ Сашко Коцев

Потсетуваме, Сашко и убавата докторка Смиљана важат за еден од најшармантните, но и најскладните парови на нашето естрадно небо.

Тие оваа година прославија 12 години брак, а нивниот заеднички живот започна романтично, но истовремено и по малку спектакуларно, особено откако познатиот актер својата сакана ја запроси на еден од најпопуларните настани во Македонија, „Златна Бубамара на популарноста“, пред целокупната македонска јавност.

Фејсбук/ Сашко Коцев

Потсетуваме, Смиљана е докторка по професија, специјалист радиолог, но од пред неколку години е и доктор по науки.

Смиљана и Сашко ја имаат ќерката Јоана која оваа година наполни седум години, а познатиот актер во една пригода за Гламур магазин откри како се снаоѓа во најважната улога во неговиот живот.

Фејсбук/ Сашко Коцев

„Најубавите мигови на еден татко се – од раѓањето на бебето, до земање од болница на мајката и бебето. Тоа некогаш се три, а некогаш пет дена. Зошто? Па твојот семеен буџет е неограничен, славиш до сабајле пет дена, мноооогу си среќен, дури и ако не славиш сопругата те прекорува и вика оди бе негде со другарите, нели си среќен!!!“

Фејсбук/ Сашко Коцев

„А што е најважно, ти си женет и имаш дете!“ се пошегува Сашко во една пригода на своја сметка, а потоа го додаде и следново:

„Инаку, што се однесува до тоа каков сум како татко.. тоа не можам да зборувам за себе каков сум. Се трудам максимално да бидам грижлив, присутен, забавен како татко, готвач-татко.. и се што повлекува татковството. Посебно татко на првото дете“, се пошегува Сашко.

Целото интервју со Сашко прочитајте го тука

Бонус видео

Сашко и „Златна бубамара“

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button