Ова е топлиот семеен дом на фолк-пејачката Благица Павловска – насекаде има икони со Исус Христос
Пејачката е голема верничка и во својот дом има посебно место за православните икони
Познатата пејачка својот простор го има уредено со многу љубов и внимание, а еден детаљ посебно ги воодушевува сите.
Познатата фолк-пејачка, Благица Павловска на својот профил на Фејсбук понекогаш знае да сподели и детали од својот приватен живот, па така со фотографиите што ги објавува понекогаш имаме прилика да видиме и како изгледа нејзиниот топол семеен амбиент.
Ова е местото каде Благица се одмора, а од нејзините објави може да видиме и дека е поприлично религиозна.
Фејсбук/ Благица Павловска
Впрочем и самата Благица во последно време често истакнува дека е посветена кон Бога, а во една пригода откри и дека црта икони. Но и од фотографиите може да видиме дека и нејзиниот дом е преполн со икони, а има и една интересна статуа од Богородица.
Нејзиниот дом всушност е одраз на нејзиниот вкус и стил, а големиот број икони зборуваат многу и за нејзината љубов кон Бога.
Фејсбук/ Благица Павловска
Очигледно дека пејачката внимавала на секој детаљ, а од ова место редовно се огласува и за секој христијански празник.
Фејсбук/ Благица Павловска
Нашминкана и со виткана коса
Благица претходниот месец го прослави својот 66. роденден, па ги изненади сите и со фотките што ги објави тогаш.
Фејсбук/ Благица Павловска
Таа на овие фотографии изгледаше минимум десетина години помладо, а новата фризура со локни и стоеше одлично.
Фејсбук/ Благица Павловска
Пејачката беше насмеана и поприлично расположена, а зошто ова нејзино издание ги изненади сите, погледнете во продолжение.