Наши ѕвезди

Ова е таткото на Благоја и Ташко Грујовски – роден во Лазарополе, животот го посвети на народната песна

Цел живот вљубен во народната уметност

Advertisement

Неговиот татко, Мате Грујовски, секогаш бил горд на своите наследници, Благоја и Ташко, кои тргнаа по неговиот пат.

Мате во своето време беше еден од најпознатите македонски музичари, водач на оркестар, композитор на новосоздадени фолклорни песни и аранжер на македонски народни песни кои и денес се хитови.

Advertisement

Благоја Грујовски, еден од нашите најпознати фолк-пејачи, талентот за музика го има наследено од својот татко.

Фејсбук

Имено, Благоја е наследник на големиот македонски композитор и музичар, Мате Грујовски, еден од најзначајните двигатели на концертната и фестивалската дејност во Македонија. Токму благодарение на Мате биле поставени темелите на многу културно-уметнички манифестации во Македонија, од кои повеќето постојат и денес.

Покрај познатиот пејач на македонска народна музика, Благоја, син на Мате е и познатиот музичар Ташко Грујовски.

Фејсбук

Нивниот татко, Мате Грујовски, е роден 1932 година во Лазарополе, каде уште од најраната младост се задоил со народната уметност.

По дипломирањето на Уметничката академија во Белград, во 1964 година се вработил во Музичката продукција на тогашното Радио Скопје. Во радиото најпрвин работел како музички соработник, за подоцна да биде именуван за уредник и музички продуцент за народна музика, позиција на која бил сè до неговото пензионирање во 1996 година.

Фејсбук

Мате со синот Благоја и внуците

Починал ненадејно во Скопје, на 14 март 2013 година, а неговото творештво ќе остави траен белег во македонската народна музика.

Негови попознати песни се:

„Од каде си малој моме“, „Само за неа живеам“, „Што си толку мило Ленче нажалена“, „Љубам мајко едно момче“, „Ах вие, мои луди млади години“, „Туѓино јабано“ и многу други.

Принтскрин/ Јутуб

Инаку, токму Мате му ги правеше и првите песни на Благоја Грујовски, но и во детството му ја пренел љубовта кон музиката.

Мојот живот со музиката почна уште од најмалите години. Почнав да учам музичко и таму ми одредија да свирам виолина  и завршив нижо музичко и тогаш ми се изгуби желбата бидејќи имав многу желби во различни насоки. Повеќе ме интересираше спорт сакав многу фудбал но изгледа не бев предодреден за тоа, отидов во бокс во средно гимназија таму бев поуспешен и потоа дојде хепатит жолтица инфективна и морав да се откажам, и од тогаш почнав да свирам саксофон.

Принтскрин/ Јутуб

Најпрвин како хоби но подоцна се вљубив во инструментот и така почнав да свирам саксофон.

Инструментот го најдов дома, татко ми го имаше донесено за некој негов ангажман, инаку татко ми беше кларинетист не саксофонист. Татко ми ми ги покажа основните први чекори, а потоа сам учев, изјави во една пригода Благоја за Гламур магазин.

Што друго ни откри познатиот пејач тогаш, потсетете се тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button