MAMAРецепти

Ова е тајната за перфектно тесто за палачинки – што да додадете во брашното за најдобри резултати

Како да добиете многу тенки и еластични палачинки? Ви ја откриваме тајната.

Advertisement

Состојки за подготовка на 20 палачинки:

2 јајца

Advertisement

2 супени лажици шеќер

прстофат сол

300 мл млеко

Advertisement

200 мл врела вода

200 г брашно

30 г путер

фото пекселс

Постапка, чекор по чекор:

Во длабока чинија изматете ги јајцата со шеќерот и прстофат сол додека добиете мазна смеса.

Додадете го млекото во смесата од јајца и добро измешајте за да се соединат состојките.

Просејте го брашното (за да избегнете грутки) и постепено додавајте го во течната смеса, мешајќи постојано. Треба да добиете густо тесто.

Полека додадете 200 мл врела вода во тестото, мешајќи брзо. Смесата ќе стане поретка – тоа е нормално за овој рецепт.

Растопете го путерот и додадете го во тестото. Повторно добро промешајте додека убаво се изедначи.

Покријте ја чинијата со крпа или со фолија и оставете го тестото да отстои 15 минути на собна температура. Ова ќе помогне состојките подобро да се соединат, а тестото „да се одмори“.

Загрејте тава на средна температура. Ако е потребно, премачкајте ја со малку масло или користете тава со нелеплива површина.

Истурете мала количина тесто и рамномерно распоредете го по тавата. Печете од двете страни додека  добијат златна боја.

Тајната?

фото пекселс

Клучот на овој рецепт е во додавањето врела вода во тестото – токму таа им дава на палачинките еластичност и тенкост.

Перфектните палачинки зависат од точниот сооднос на состојки, а врелата вода е магичната состојка која ги прави толку меки и фини.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button