Ова е сопругата на пејачот кој важеше за НАЈЗГОДНИОТ МАКЕДОНЕЦ во „Ѕвездите на Гранд“ (фото)
Многу наши дами го обожаваат ова момче

Новопечениот татко ужива во брачниот живот
Популарниот пејач и некогашен учесник во „Ѕвездите на Гранд“, Филип Пецовски, и денес важи за еден од омилените ѕвезди.
Тој и додека се натпреваруваше во популарното шоу за кратко време ги освои срцата на многу дами, а потоа од истите нив ја доби и титулата – еден од најзгодните фраери на нашата музичка сцена.
Инстаграм/ Филип Пецовски
Но тој веќе некое време не е слободен, а многумина се прашуваат која е жената што го освои неговото срце.
И не само што го освои туку Филип со неа неодамна се оствари и во улога на родители и сега уживаат во семејниот живот.
Инстаграм/ Филип Пецовски
Имено, Филип и убавата Марија се венчаа во февруари оваа година, седум месеци откако пејачот ја побара за жена.
На нивната свадба присуствуваа многу познати лица, а невестата тогаш веќе беше бремена и блескаше со трудничкото стомаче.
Инстаграм/ Филип Пецовски
Неколку месеци подоцна, односно во мај 2025 се роди и нивниот син Николај кој наскоро треба да наполни два месеци.
Инстаграм/ Филип Пецовски
Пејачот тогаш ги изненади сите и со фотографијата од болницата кога беше да ги земе сопругата и бебето.
Инстаграм/ Филип Пецовски
Имено, Марија претходно вешто се криеше од медиумите, па оние што прв пат ја видеа, беа воодушевени од нејзината убавина.
Инстаграм/ Филип Пецовски
Големо изненадување беше трудничката фотосесија, а како Марија изгледаше и во ова издание, потсетете се тука.