Месо на скара се подготвува насекаде, но само лесковачките ќебапи се прават според автентичен рецепт.
Ако сте одлучиле да го славите Први мај со скара и сакате да направите вистински лесковачки ќебапи, пробајте го проверениот рецепт што ви го пренесуваме.
Advertisement
Вистинските лесковачки ќебапи, според многумина, се највкусното месо од скара. Се прават од јунешко месо, и тоа секогаш од врат, плешка, потплешка или дел од стомакот, бидејќи овие делови се прошарани со маснотија, што е многу важно за да може добро да се измеси месото за ќебапи.

Ако планирате Први мај да го поминете на отворено со вкусна скара, направете ќебапи по рецептот на старите лесковачки мајстори.
Ако ја зголемувате количината на месо, запомнете го трикот на старите мајстори од скара: процентот на сол треба да биде два отсто од вкупната количина месо што ја мешате за ќебапи.
Advertisement

Лесковачки ќебапчиња по оригинален рецепт
Потребно е:
1 кг јунешко месо
50 мл вода
1 мала лажичка сол
1/3 мала лажичка бибер
1 главица ситно сечкан кромид
3 чешниња лук
1 лажица сода бикарбона
Подготовка:
Исчистете го кромидот и лукот и исечкајте ги на коцки. Ставете вода да зоврие, додајте го лукот, солта и биберот, и по три минути тргнете од рингла. Кога водата ќе се олади, процедете ја и прелијте ја врз месото кое претходно сте го исекле на коцки. Покријте со влажна ленена крпа и оставете во фрижидер два – три часа (а најдобро преку ноќ).

Откако ќе отстои во фрижидер, сомелете го месото на машина – најпрво со решетка број 10, потоа со број 8. Потоа, месете го рачно уште половина час, па покријте со проѕирна фолија и оставете да отстои уште најмалку 1 час (а најдобро 3–4 часа), но овојпат надвор од фрижидер.
Потоа во смесата додадете една лажица сода бикарбона, уште еднаш добро измесете го месото и обликувајте ќебапи со помош на шприц или со рака.

За ќебапчињата да „играат“ на скарата, задолжително добро набивајте го месото во шприцот за да нема воздух.
