Ова е сопругот на убавата Елена од телевизија Сител – водителката го крие како змија нозете (фото)
Не сте ја виделе во вакво издание...

Познатата водителка ретко објавува фотографии со сопругот
Познатата водителка Елена Стојановска Јанковска (44) важи за една од омилените дами на нашите мали екрани.
Елена, како и многу други познати личности, веќе некое време е поприлично активна и на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Елена Стојановска Јанковска
Таа често објавува фотографии како од телевизиското студио, така и од своите патувања и најинтересните моменти од животот, и секогаш воодушевува со овие свои објави.
Впрочем така беше и овој пат, само што сега изненади многумина со една посебна фотографија на која е со нејзиниот сопруг.
Инстаграм/ Елена Стојановска Јанковска
Имено, Елена, која е мошне популарна јавна личност, својот сакан го крие како змија нозете и ретко објавува фотографии со него.
Таа иако не крие дека тој и е најголема поддршка во животот, не толку често споделува моменти со него на својот профил на социјалните мрежи, па затоа сега и ги изненади сите.
Инстаграм/ Елена Стојановска Јанковска
Имено, Елена сподели неколку фотографии направени во Њујорк, а на една од нив е во прегратките на својот сакан.
„Најубавиот пар на светот“, „Убавини сте“, „Уживајте, Еленче“, беа само некои од коментарите што ги доби од своите следбеници.
Инстаграм/ Елена Стојановска Јанковска
Потсетуваме, водителката која веќе со години ја краси утринската програма на телевизија Сител во брачните води со сопругот Огнен заплови во 2010 година. Една нејзина фотографија од свадбата се уште стои на Инстаграм, а на неа можеме да ја видиме како таа изгледаше како невеста, во прегратките на својот сакан, но и да прочитаме една интересна порака што стои во описот.
„Таа одбра да биде мноооогу среќна, а тој одбра да му биде интересно цел живот“, напиша тогаш Елена.
Инстаграм/ Елена Стојановска Јанковска
Како Елена изгледаше и како невеста, кога со својот сакан се заколнаа на вечна љубов, може да ѕирнете тука.
Бонус галерија
Инстаграм/ Елена Стојановска Јанковска
Шармот на Елена и небото над Њујорк
Инстаграм/ Елена Стојановска Јанковска
Инстаграм/ Елена Стојановска Јанковска
Инстаграм/ Елена Стојановска Јанковска
Инстаграм/ Елена Стојановска Јанковска
Инстаграм/ Елена Стојановска Јанковска