Наши ѕвезди

Ова е сопругот на пејачката што сите во Македонија ја обожаваат – Елена сподели една преубава вест

Никнало цвеќе шарено, нов проект на познатата пејачка

Advertisement

Елена ги воодушеви своите верни фанови

Пејачката Елена Андоновска која заради својот глас го носи епитетот македонски славеј, сподели преубава вест.

Advertisement

Имено, Елена заедно со својата тајфа сними видео со преубави македонски народни песни и истото го објавија на јутуб.

Инстаграм Елена Андоновска

Станува збор за „Видео приказна“ во која ќе уживате во божествениот глас на оваа наша пејачка, а која може да ја погледнете на крајот од овој текст. Елена во видеото носи неколку интересни креации во кои изгледа како холивудските диви, а привлече внимание и со фустанот што го носеше неодамна, во емисијата „Магазин“ на ТВ Сител.

Имено, Елена која е во брак со својот колега, Марјан Андоновски, важи за една од омилените македонски пејачки.

Инстаграм Елена Андоновска

Елена и Марјан следната година ќе слават десет години брак, а круна на нивната љубов се нивните три деца.

Инстаграм Елена Андоновска

Елена пред три години го роди најмалиот син Лазар, а покрај него ги имаат и синовите Јосиф (12) и Андреј (7)

Но и покрај своите три бремености, Елена денес плени и со својот изглед, па според многумина важи и за една од нашите најубави пејачки. Таа ја воодушевува публиката изведувајќи ги народните песни, а најчесто ја гледаме во елегантни фустани, но и во традиционални носии.

Инстаграм Елена Андоновска

Наскоро голем солистички концерт

И во секое од овие свои изданија, Елена блеска од глава до пети, па нејзините фанови се нестрпливи да ја видат и на концертот што нивната омилена пејачка неодамна го најави.

Инстаграм Елена Андоновска

Имено, Елена на 15 декември ќе одржи голем солистички концерт во Македонската опера и балет.

Концертот ќе биде вистинско музичко доживување за сите љубители на македонската изворна и модерна фолк музика. Таа на сцената ќе ги испее своите најубави песни, задно со триесет музичари и артисти, а картите за овој настан можат да се набават преку купикарта.ком.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button