Ова е сопругата со која нашиот пејач има четири деца – погледнете колку се сакаат, сите му завидуваат
Весело семејство...

Сопругата на нашиот познат пејач, Ѓоко Јовиќ, често знае да ги изненади своите следбеници со интересни фотографии.
Но и пејачот понекогаш знае да ѝ изрази љубов преку социјалните мрежи и да покаже колку ја сака мајката на своите деца.
Тие важат за мошне складен пар, а Ивана и по четири бремености плени со својот природен шарм и убавина.

Инстаграм
Познатиот пејач со сопругата веќе со години ужива во среќниот брак, а за своите деца вели дека му се најголемото богатство.
На нивните заеднички фотографии може да видиме дека и денес се вљубени како и првиот ден, но и дек Ивана својата линија ја донела до совршенство, како никогаш и да не била во блажена состојба.

Инстаграм
Покрај неа блеска и нејзиниот сопруг, кој многу пати признал дека токму од сопругата ја има најголемата поддршка во животот.

Инстаграм
Најголемото богатство на Ѓоко
Тој има снимено и песна за неа, а пејачот ги изненади сите и кога откри дека на сопругата и подарил автомобил.
„Јас сум богат човек, децата се најголемото богатство. Уживаме кога сите сме дома заедно и секогаш ни е весело“, многу пати досега рекол пејачот, додавајќи дека има совршен брак.

Инстаграм
Инаку Јовиќ важи за скромен човек кој не крие дека потекнува од земјоделско семејство, а важи за голем хуманитарец.

Инстаграм
Тој како и сите останати членови од „Енерџи бенд“ со кои настапува веќе со години се познати како хумани луѓе.
Тие се познати и по тоа што неретко знаат да го прекинат својот настап, и да го извадат нивниот „хуман ковчег“ во кој собираат донации за луѓе на кои им е потребна помош.
И како што самиот изјави во една пригода, тој никогаш не помислувал дека она што го прави со колегите, ќе привлече внимание и ќе предизвика толкав интерес во јавноста.
„Целото внимание и благодарност според мене, му припаѓа на Бог, јас само го правам тоа што најдобро го знам и умеам – пеам. Кога веќе сум во таа позиција да можам да го поттикнам народот на хуманост и добрина, нормално е дека ќе го правам тоа“, изјави Јовиќ за Фокус во една пригода.
Потсетуваме, Ѓоко пред неколку недели ги изненади своите фанови кога заедно со младата пејачка Јована Богдановска ја претставија нивната заедничка песна, Како се раѓа Македонец.



