CelebrityTV

Ова е синот на Жика Јакшиќ – не го интересира естрадата, а многу е успешен во сосема друг бизнис

Андрија и неговата сопруга неодамна се преселија од Германија во Србија и сега живеат во непосредна близина до Жика.

Advertisement

Познатиот српски водител и продуцент, Жика Јакшиќ, кој ја води популарната емисија „Никогаш не е доцна“, има два сина. Помладиот син го доби со Дајана Пауновиќ, додека постариот, Андрија Јакшиќ, е од првиот брак.

Андрија е многу успешен, имено тој е најмладиот енолог во Германија, а својот татко неодамна го почести со врвно вино со етикета „Никогаш не е доцна“, инспирирано од емисијата што ја води.

Advertisement

Иако Андрија не е заинтересиран за естрадата, а Жика тоа го почитува кај синот, тој е посветен на својата кариера во винарството. Тој и неговата сопруга, Јехослава, неодамна се преселија во Србија и сега живеат на Бежаниска коса, поточно во непосредна близина до Жика.

Андрија Јакшиќ, фото инстаграм принтскрин

Потсетуваме, во јуни годинава, Жика Јакшиќ беше хоспитализиран по мозочниот удар. Според изјави на негови блиски, неговата здравствена состојба сега е стабилна и водителот полека но сигурно се опоравува. Во обид да се врати на својата професионална активност, Жика започна со интензивна рехабилитација. Секојдневно посетува логопед и физиотерапевт, како и релакациски и медицински масажи, со цел да го подобри говорот, моториката и циркулацијата.

Жика изрази оптимизам во врска со неговото опоравување, изјавувајќи дека се чувствува добро и дека се враќа на работа со радост. Тој го потврди датумот за неговото враќање на снимањето на емисијата „Никогаш не е доцна“ на 10 септември 2025 година.

Advertisement

Во меѓувреме, неговиот син, Андрија Јакшиќ, го поддржува својот татко во процесот на опоравување, а и бројната публика на Жика едвај го чека неговото враќање во студиото.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

Back to top button