Наши ѕвезди

Ова е синот на нашата позната пејачка – тој е нејзината најголема гордост, но и миленик на многу дами

Тие често настапуваат заедно, а нејзините колешки за него велат дека е супер момче, но...

Advertisement

Колешките на пејачката и денес имаат само убави зборови за нејзиниот наследник, но тој веќе одамна не е ерген…

Познатата пејачка Даниела Темелковска многу ретко има зборувано за својот приватен живот, а уште помалку за своите партнери.

Advertisement

Таа веќе долго време е дел од нашата музичка сцена, а често ја гледаме и во емисијата „Мерак меана“, но и во многу познати локали, па и на веселби, на кои пејачката секогаш прави вистински џумбуш.

Инстаграм/ Даниела Темелковска

Горда на своето чедо

Пејачката ги изненади сите кога пред нешто повеќе од десет години на „Фолк фест Валандово“ настапи со својот син.

Advertisement

Имено, нејзиниот наследник, Даниел Блажевски тргна по нејзините стапки, а на овој фестивал во 2013 година заедно ја изведоа песната „Животот ни носи се“, кога многу колешки на Даниела беа пријатно изненадени од телентот на нејзиниот син.

Инстаграм/ Даниела Темелковска

Тие и денес често настапуваат заедно, а нејзиниот син пред неколку години и го подари и најубавиот подарок во животот.

Инстаграм/ Даниела Темелковска

Даниел и неговата сопруга Ема се остварија во улога на родители, а пејачката сега ужива во секој момент поминат со својата внука. Впрочем, тоа можевме да го видиме и неодамна, на прославата на нејзиниот роденден, кога таа ги дувна свеќичките со внуката Јана.

Инстаграм/ Даниела Темелковска

Инаку, пејачката не крие дека по доаѓањето на внуката и нејзе животот и се променил и ужива во секој момент поминат со неа.

Инстаграм/ Даниела Темелковска

„По доаѓањето во нашиот живот на малата Јана, мислам дека сите станавме подобри луѓе и нашата душа е уште повеќе полна со трпение и љубов кон животот“, откри во една пригода Даниела во интервју за Гламур магазин додавајќи дека во слободното време најмногу се релаксира токму со внуката.

Инстаграм/ Даниела Темелковска

Среќни и свекрвата и снаата

„Слободното време го поминувам со мојата внука Јана, таа е најтоплата прегратка, најубавата насмевка и најмилите очи“, изјави популарната фолк-пејачка тогаш за Гламур.

Целото интервју со Даниела прочитајте го тука

Инстаграм/ Даниела Темелковска

Инстаграм/ Даниела Темелковска

Инстаграм/ Даниела Темелковска

Инстаграм/ Даниела Темелковска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button