Наши ѕвезди

Ова е семејната куќа на Јордан Митев во с. Подареш – КОМШИИТЕ имаат само убави зборови за него

Тој е еден од омилените фолк-пејачи во Македонија

Advertisement

Познатиот фолк-пејач Јордан Митев порасна во село Подареш, каде и денес живее со сопругата и нивните дечиња.

Тука живеат и неговите родители, а пејачот во куќата вложил доста пари, како на семејството би им обезбедил лагоден живот.

Advertisement

Комшиите од селото сите го обожаваат и имаат само убави зборови за него, а Јордан никогаш не криел дека во неговиот роден крај му е најубаво. Впрочем неговата понежна половина е родена во Австралија и тие можеа да останат да живеат таму, но и двајцата одлучија своето гнездо да го оформат во Македонија.

Фејсбук/ Јордан Митев

Пејачот сега, преку социјалните мрежи сподели една снимка која што ја направи во својот дом и со која ги изненади обожавателите.

Имено, Јордан се снимаше додека свири на клавир, а со видеото откри и каде ќе настапува за Нова година.

Фејсбук/ Јордан Митев

Тој ги покани своите обожаватели од Швајцарија да дојдат во местото во кое што ќе настапува и вети незаборавна забава.

Фејсбук/ Јордан Митев

Потсетуваме, Јордан пред неколку месеци по втор пат се оствари во улога на татко, кога му се роди синот Кристијан.

Фејсбук/ Јордан Митев

Неговата сопруга се породи на христијанскиот празник Крстовден, па од тука и нивниот син си го доби своето име.

Фејсбук/ Јордан Митев

Тие ја имаат и ќерката Кристина, која се роди пред две години во Австралија, додека пејачот беше на турнеја во оваа земја.

Повеќе за ова прочитајте тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button