Реклама
Нега и здравје

„Ова е само прва рунда“ – Теди Меленкамп по отстранети четири тумори на мозокот се бори за живот

Ќерката на Џон Меленкамп е во тешка борба - Теди Меленкамп по првата операција на мозок не се откажува

Реклама

Теди Меленкамп, ќерка на познатиот музичар Џон Меленкамп и поранешна ѕвезда на реалното шоу The Real Housewives of Beverly Hills, јавно проговори за својата борба со неколку тумори на мозокот, откако беше хоспитализирана поради силни главоболки.

фото-принтскрин инстаграм

Првично, планот беше да биде оперирана за два тумора, а останатите да се третираат со зрачење.

Сепак, според нејзините последни изјави, лекарите успеале да отстранат четири тумори при операцијата, но битката сè уште не е завршена.

Маркетинг

„Ова беше само првата рунда…“ – напиша таа на Инстаграм.

„Неизмерно сум благодарна на хирурзите, докторите и медицинските сестри кои направија мојата операција да биде успешна и ми го олеснија опоравувањето. Отстранети се повеќе тумори од очекуваното – вкупно четири. Но, оваа борба е далеку од крајот. Ова беше само првата рунда,“ напиша Теди на својот инстаграм-профил.

Маркетинг

Таа истакна дека поддршката од нејзините деца, семејството и блиските пријатели ѝ е најголемиот дар во овие тешки моменти.

фото-принтскрин инстаграм

„Не можам ни да опишам колку сум благодарна. Пред да продолжам со следните чекори во лекувањето, сакам да се заблагодарам на сите за љубовта и молитвите – дефинитивно ми помагаат да останам силна.“

На 26 февруари, Меленкамп сподели емотивен момент од нејзиното закрепнување, објавувајќи црно-бело видео на инстаграм-сторис, на кое ѝ ги отстрануваат хируршките штипки од задниот дел на главата.

На снимката, 43-годишната реалити ѕвезда плаче додека медицинскиот персонал ѝ го отстранува последниот конец, додека блиските околу неа ја бодрат со зборовите: „Ти успеа“ и „Браво, Теди“.

принтскрин инстаграм

Подоцна, таа објави уште едно видео додека добива козметички третман од нејзината пријателка Кендис Марино, основач на The LA Facialist.

Теди со своите деца во времето пред операциите, фото-принтскрин инстаграм

Дијагнозата – уште еден предизвик по битката со рак на кожа

Меленкамп за првпат откри дека е хоспитализирана на 12 февруари, додека се подготвувала за операцијата.

„Последниве неколку недели се соочував со силни и исцрпувачки главоболки,“ напиша таа на Инстаграм.

„Вчера болката стана неподнослива и морав да бидам хоспитализирана. По направените компјутерска томографија (CT) и магнетна резонанца (MRI), лекарите открија повеќе тумори на мојот мозок, за кои веруваат дека растеле најмалку шест месеци.“

Лекарите првично планирале да отстранат неколку тумори хируршки, додека останатите да бидат третирани со зрачење.

Оваа дијагноза доаѓа додека Меленкамп веќе со години се бори со рак на кожа. Таа редовно ја документираше својата борба со меланом, при што досега ѝ биле отстранети повеќе од 17 различни израстоци.

„Ова е уште една тешка битка, но нема да се откажам,“ порачува Теди Меленкамп.

фото-принтскрин инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button