Наши ѕвезди

Ова е родениот брат на Влатко Миладиноски – ВОЈО СТОЈАНОСКИ да беше жив ќе се гордееше со нив

Влатко заедно со својот брат и неговиот оркестар наскоро ќе одржат концерт во Скопје, а потоа и во Охрид...

Advertisement

Тие се родени браќа, но и задно настапуваат

Многумина што не ја следат нашата народна музика не знаат дека Влатко Миладиноски има брат кој исто така е музичар.

Advertisement

Станува збор за Златко Миладиноски кој е две години постар од Влатко, кој е магистер по музика и свири на хармоника.

Принтскрин/ Јутуб

Тие се внуци на легендарниот македонски пејач Војо Стојаноски, а со Дамјан, синот на Војо, се први братучеди.

Advertisement

Влатко и Златко потекнуваат од Кичево, а досега имаат настапувано како низ цела Македонија, така и секаде низ светот.

Принтскрин/ Јутуб

На 12 јуни пак, Влатко во придружба на големиот оркестар предводен токму од неговиот брат ќе одржи концерт во Националната опера и балет. Концертот требаше да се одржи на 22 март, но заради несреќата во Кочани беше презакажан, а во меѓувреме Влатко и неговиот брат открија дека ќе имаат концерт и во Охрид, на 7 август.

Концертот ќе биде во Античкиот театар во Охрид, и ова преставува своевиден историски настан бидејќи за прв пат во историјата на сцената на величествениот Антички ќе настапи фолк-изведувач.

Фејсбук

Интересно е и тоа што, Влатко, како што самиот откри во една пригода за Гламур, дека токму неговиот брат му бил и ментор во детството за и тој да почне да се занимава со музика. Тој знае да свири на тамбура, пијано и гитара, инструменти за кои вели дека се дел од неговиот живот.

Фејсбук

„ Секако дека музичките инструменти се дел од мојот живот. Ментор е мојот 2 години постар брат Златко кој првично индиректно со тоа што постојано музицираше низ нашиот дом, ме инфицира и ми ги внесе желбата и интересот кон тие инструменти, за потоа да следи и моето музичко образување. Првиот мој инструмент е тамбурата, а омилен да музицирам на него, дефинитивно e пијаното“.

„Но сакам да ги слушам сите инструменти“, изјави тогаш Влатко додавајќи дека и тој и неговиот брат љубовта кон музиката ја наследиле од нивните родители Миливој и Никодинка.

Фејсбук

„Моментално важиме за една голема музичка фамилија, како продукција. Го спомнавте Дамјан а тука е и нашиот братучед Дарко, но тој список со вокални и инструменталисти солисти од нашата фамилија е доста долг и континуирано се зголемува“ сподели тогаш нашиот пејаќ во интервјуто за Гламур магазин.

Целото интервју со Влатко прочитајте го тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button