Ова е раскошниот стан во кој живее пејачката Анета Љумаковска – ќе се изненадите и од овој детаљ
Ѕирнете како изгледа топлиот дом на познатата пејачка

Направи селфи со кое сите ги изненади
Нашата позната фолк-пејачка Анета Љумаковска живее во луксузен стан кој сама го има уредено до најситен детаљ.
Нејзиното гнездо зрачи со луксуз и доминираат светли нијанси, но и скапи парчиња мебел во најразлични бои.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
На една од своите последни селфи фотографии, Анета покажа едно мошне интересно модно издание, но и како изгледа нејзиниот дневен престој, со големото огледало пред кое позираше.
Во просторијата има луксузна фотелја во бордо нијанса, но и многу украсни детали и една голема шик вазна со цвеќе.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Пејачката често споделува селфи фотографии и од ходникот, каде на ѕидот има свој портрет, и ова очигледно е едно од нејзините омилени места за фотографирање во нејзиниот дом.
Токму затоа и многумина беа изненадени што сега имаа пригода да ѕирнат и во дневниот престој.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Имено, пејачката токму на ова место поминува најмногу време кога е дома, со своите најблиски.
Големо внимание привлече и нејзиниот аутфит, посебно кусото здолниште во кое изгледаше поприлично заводливо.
Како изгледаше, погледнете во продолжение:
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Нова љубов
Потсетуваме, Анета неодамна ги изненади сите кога откри во јавноста дека повторно е вљубена, и тоа во свој колега.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Таа по разводот го промени својот стил и често привлекуваше внимание со своите модни комбинации, за што сведочи и ова нејзино издание. Но вистинско изненадува за сите беше и кога откри со кого е во врска, по што следуваа бројни честитки од фановите.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Многумина им посакаа да им се случуваат само убави нешта, а што изјави самата пејачка за новата љубов, откријте тука.