Ова е рајот на Стојна Костовска: Целата куќа со цвеќиња, актерката вака ужива во својата пензија (фото)
Целото место зрачи со посебна енергија...

Познатата актерка својот дом го има уредено како во бајките
Семејниот дом на Стојна Костовска е просторен и полн со зеленило за кое таа и нејзиниот сопруг ревносно се грижат.
Таа веќе со децении живее во оваа куќа каде секој детаљ е среден со многу љубов, а омилено место за уживање е зелениот двор.
Стојне во март го прослави својот јубилеен 70. Роденден, а со нејзиниот сопруг Зоран годинава славеа и 45 години брак.
Фејсбук/ Стојна Костовска
Но познатата актерка важи за грациозна дама која изгледа минимум дваесетина години помладо, која секогаш е негувана, модерна, посебна…
Фејсбук/ Стојна Костовска
Впрочем тоа се одразува и на нејзиниот семеен дом, кој зрачи со топлина и каде Стојне ги ужива своите пензионерски денови.
Фејсбук/ Стојна Костовска
И токму затоа Стојне е најсреќна на ова место, опкружена со најмилите, но и со амбиент кој изгледа како излезен од некој филм.
Фејсбук/ Стојна Костовска
Нејзиниот двор е преполн со зеленило и најразлични цвеќиња, а актерката често знае да објави по некоја фотографија од него.
Фејсбук/ Стојна Костовска
Но преубави шарени цвеќиња има насекаде и во внатрешниот дел од куќата, а како сето тоа изгледа, погледнете во продолжение…