Ова е првиот полуфиналист во „Ѕвездите на Гранд“ од Македонија – има големи шанси да победи (видео)
Тој е во тимот на Цеца, а минатата година и првото и второто место беа дел од нејзината екипа.

Повторно ги воодушеви сите
Шармантниот пејач од Македонија, Никола Станишиќ (25), и овој пат направи вистински спектакл во „Ѕвездите на Гранд“.
Тој е веќе на чекор до финалето, а во дуелот со Кристина Крстичевиќ освои максимален број на гласови од жирито.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
„Никола навистина доминираше во овој дуел и искрено морам да кажам минатиот настап повеќе ми се допаѓаше, но сега изборот на песни. Твојата појава, насмевката и сигурноста за мене тоа е потенцијал за финале“, коментираше Мили по настапот на Никола.
Воодушевен од пејачот д Македонија беа и сите останати членови на жирито, а го пофали и Кеба, кој ја менуваше Цеца.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Потсетуваме, на Никола менторка во шоуто му е Цеца, која не го крие среќата што има ваков талентиран пејач во екипата.
Никола и Даниел Савиќ се првите нејзини кандидати што досега поминаа во полуфиналето, а во последната емисија од шоуто најемотивен момент беше кога и на девојката со која Никола настапи во дуелот, ѝ кажаа дека и таа поминала, по што заплака пред камерите.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
„Ова му го посветувам на којот татко, се надевам дека од горе ме гледа“, изјави пејачката со солзи на очите.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Како изгледаше настапот на Никола погледнете во продолжение…
Финалето ќе биде без Цеца?
Финалето на „Ѕвездите на Гранд“ е закажано некаде за на крајот на јуни, а овој датум не и одговара воопшто на Цеца.
Според сегашниот распоред тоа треба да биде на 28 јуни, а Цеца сакала да се помести датумот бидејќи има врвни кандидати. Еден од нив е и Никола, кој веќе се пласираше за полуфинале, а кого познатата пејачка го обожава што можевме да го видиме и во претпоследната емисија (повеќе за ова прочитајте тука).
Инаку, таа на снимањето на последната емисија дојде во ултра кус фустан со кој сите ги изненади, а како изгледаше, погледнете тука.