Наши ѕвездиНовости

Ова е последната фотографија од ХАЛИД БЕШЛИЌ од онкологија – неговиот последен бакнеж! (фото)

Легендата на народна музика Халид Бешлиќ почина на 7. октомври, во 71 година од животот

Advertisement

Познатиот фолкер Халид Бешлиќ почина во болница

По неговата смрт се огласија многу познати ѕвезди од регионот, но и неговите бројни обожаватели кои изразија сочувство како преку социјалните мрежи, така и на улиците во Сараево и Тузла.

Advertisement

Имено, по тажната вест многу луѓе се собраа на плоштадите во овие градови, носеа негови фотографии и пееја негови песни.

Инстаграм/ Халид Бешлиќ

Бројни музичари исто така се збогуваа од својот колега, а некои од нив заради тажната вест, ги откажаа своите настапи. .

Advertisement

Последната фотографија

Инстаграм/ Халид Бешлиќ

Халид почина во болница, на одделението за онкологија, а токму на ова место настана и неговата последна фотографија.

Пејачот непосредно пред смртта од болницата со видео повик се слушна со поранешниот фудбалер Емир Спахиќ, кој сега, по тажната вест, сподели фотографија од овој нивен разговор на социјалните мрежи.

„Се договоривме дека ќе не почестиш со ручек кога ќе се вратиме од Кипар, брате. Немав поим дека ова ќе биде твојот последен бакнеж. Нека ве благослови Алах со широк спектар благослови и нека го благослови семејството твое“, порача Емир на социјалните мрежи.

Принтскрин/ Јутуб

Беше голема ѕвезда, но секогаш беше скромен

Пред неколку месеци на социјалните мрежи се прошири една емотивна изјава на Халид која предизвика големо внимание.

Халид иако беше еден од најпознатите пејачи, живееше скромно, без скандали, а за многумина беше „човек од народот“.

„Можам да возам луда кола, да снимам видеа од милион долари, но зошто би го правел тоа додека мојот сосед не може да си дозволи да јаде? За мене е задоволство да го нахранам, да посетам народна кујна, да дадам свој прилог, да нахранам 100 гладни усти денес или да донирам пари во сиропиталиште. Би сакал да ме паметат како добар човек кога ќе ме нема, а не како добар пејач“ изјави во една пригода познатиот пејач.

Инстаграм/ Халид Бешлиќ

Последна фотографија со сопругата

Халид беше активен и на социјалните мрежи, па така неговата последна објава на Инстаграм е од крајот на септември.

Имено, тој на 26 септември сподели фотографија на која е со сопругата Сејда, а во објавата пишува дека неговата последна песна го носи името по неговата жена „Сејда“ со која беше повеќе од 40 години, но и дека истата е прогласена за песна на месецот.

Легендарниот пејач во една пригода откри и како се запознал со сопругата, а повеќе за ова прочитајте тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button