LIFESTYLEВирално

Ова е ПЕСНАТА што ќе ја слушате насекаде за време на ПРАЗНИЦИТЕ – стара е 100 години!

Advertisement

Нема човек кој не ја слушна песната „Carol of the Bells“. Оваа сеозна песната е најслушаната божиќна песна.  Инаку малкумина ја знаат историјата која се крие зад преубавата мелодија. Оваа популарна божиќна песна е стара над 100 години и се базира на украинската новогодишна песна
\
Музиката за песната доаѓа од песната напишана од украинскиот композитор Микола Леонтович во 1914 година; стиховите на англиски јазик биле напишани во 1936 година од Питер Вилхуски.

НМузиката е базирана на остинато со четири ноти и е инспирирана од стара традиционална унгарска песна, тоа било задача за композиторот. Тој како иснпирација ја одбрал песната „Shchedryk“.

Advertisement

 

Оригиналната украинска народна песната е поврзана со претстојната Нова година, која, во претхристијанска Украина, се славеше со доаѓањето на пролетта во април. Оригиналниот украински наслов се преведува на „дарежливиот“  и раскажува приказна за ластовичка која лета во домаќинство за да ја прогласи богатата година за семејството.

Advertisement

Песната првпат била изведена од украинските студенти на Универзитетот во Киев во декември 1916 година.

Пред западната публика од украинскиот национален хор била претставена за време на концертна турнеја низ Европа во 1919 година.

Песната својата премиера во САД ја имала на 5 октомври 1922 година. Американската публика се заљубила во украинската песна.

Првично делото било наменето да се пее а капела од мешан четиригласен хор.Потоа биле адаптирани и  поставка за женскиот хор (без придружба) и друга за детскиот хор со придружба на пијано.

Нејзината првична популарност во голема мера произлезе од способноста на Вилхуски да допре до широката публика во неговата улога како аранжер за симфонискиот оркестар NBC. Песната денес е сининим за Божиќ поради неговите убавите стихови, кои се однесуваат на ѕвона, песна и „весел, весел, весел, среќен Божиќ“.

„Carol of the Bells“ е снимена во над 150 верзии и аранжмани.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button