TVНаши ѕвезди

Ова е новиот член во Пинковите ѕвезди – целиот Балкан изненаден од она што го најави Жељко Митровиќ

Пинк или Гранд, прашањето е сега...

Advertisement

Возбудлива есен е пред нас

Вики Миљковиќ и официјално стана дел од „Ѕвездите на Гранд“, а нејзината кума Цеца Ражнатовиќ останува во „Гранд“

Advertisement

Првиот човек на розоватa телевизија, Жељко Митровиќ, на Инстаграм сподели снимка од потпишувањето на договорот.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Имено, Вики потпиша договор со „Пинк“ и таа сега и официјално е четвртиот член на жирито на „Пинкови ѕвезди“.

Advertisement

Покрај Вики претходно договор потпишаа Драган Стојковиќ Босанац, Зорица Брунцлик и Драгомир Деспиќ, познат како Десингерица.

Инстаграм

Најпрво голем шок беше за сите кога Марија Шерифовиќ ги напушти „Ѕвездите на Гранд“, но и кога беше откриено дека на нејзино место ќе дојде пејачката Дара Бубамара, која веќе го потпиша договорот.

По Марија и Босанац ги напушти „Ѕвездите на Гранд“ и премина во шоуто на Пинк, а на крај и Вики Миљковиќ.

Инстаграм

По овие неочекувани „трансфери“, во „Ѕвездите на Гранд“ остануваат пејачките Ана Бекута и Снежана Ѓуришиќ, потоа Александар Милиќ Мили и рокерот Ѓорѓе Давид како и Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Инстаграм

Од друга страна во медиумите веќе со денови се шпекулира дека дел од жирито на Пинк би можела да биде и Јелена Карлеуша.

Овие информации досега не се потврдени, но не беа ни демантирани, а доколку се потврдат како точни следува навистина жешка есен, а конкуренцијата ќе допринесе шоута да бидат уште поинтересни.

Но кое од овие две шоуа ќе биде поинтересно и погледано, ќе видиме за многу брзо време откако ќе почнат со емитување.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button