ВестиВести

Ова е нашиот МАЛ ХЕРОЈ што победнички заѕвони на Клиниката за детски болести и ни го разубави денот

Нова радосна вест од Клиника за детски болести...

Advertisement

Малиот херој ја извојува најголемата победа во животот

Ова е еден од најубавите денови за најблиските на малиот херој Амир кој од Клиниката за детски болести излезе како победник.

Advertisement

Ова среќна вест израдува многумина на социјалните мрежи откако на Фејсбук беше споделена од вработените на Клиниката.

Принтскрин/ Фејсбук

Главниот херој во оваа приказна лавовски се бореше и победи во најважната битка од својот живот, по што победничкото ѕвонче повторно одекна низ ходниците за сите да слушнат за неговата победа.

Advertisement

Под оваа објава на социјалните мрежи многумина му посакаа среќа во новиот почеток, како на Амир, така и на неговите најблиски, а нивниот дом да биде исполнет со насмевки и убавини.

Принтскрин/ Фејсбук

Од клиниката во нивната објава на Фејсбук информираат дека нивниот јунак храбро ја поминал и ја извојувал тешката битка, па сега му посакуваат многу здравје и среќно и безгрижно детство.

Следуваа бројни коментари под објавата, а меѓу нив и бескрајна благодарност за пожртвуваноста на медицинскиот персонал.

Принтскрин/ Фејсбук

Благодарение на нивната стручност и љубов што секојдневно им ја даваат на пациентите, ние денес го имаме херој на денот.

Принтскрин/ Фејсбук

Да, тоа е ова момче Амир кој со насмевка ѕвонеше на ѕвончето, истовремено давајќи им надеж и на сите останати.

Впрочем клиниката и затоа редовно споделува вакви позитивни приказни потсетувајќи не дека со храброст, поддршка и медицинска грижа – надежта секогаш ќе постои и ќе биде жива.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button