Реклама
CelebrityFashionTVСтил

Ова е најубавата ЖЕНА на светот за 2024 година!

Реклама

Викторија Кјер Теилвиг од Данска е Мис Универзум за 2024 година. Изборот се одржа вчера во Мексико.

„Стојам овде денес бидејќи сакам промени, сакам да испишувам историја, а тоа го правам вечерва“, изјави русокосата со ангелско лице и крупни сини очи.

Маркетинг

Која е Викторија Кјер Теилвиг?

Родена во 2004 година главниот град на Данска, Викторија пораснала во мирно предградие на Копенхаген. Таа подоцна се преселила во урбаното јадро на градот за да го продолжи своето образование и кариера. Посетувала средно училиште, а подоцна дипломирала бизнис и маркетинг. Нејзиниот претприемачки дух и овозможи да се пробие во индустријата за накит, специјализирана за продажба на дијаманти.

Убавицата која својот приватен живот го држи подалеку од очите на јавноста, планира да стане адвокат, а воедно е и страстен поборник за заштита на животните и ментално здравје, која на Инстаграм ја следат 262 илјади луѓе.

Маркетинг

Љубовта кон уметноста исто така одиграла значајна улога во нејзиниот развој. Како професионална танчерка на Европските и Светските првенства, како и учителка по танц, таа ги инспирираше другите со својата посветеност.

„Танцот отсекогаш бил моето бегство, мојот начин да се изразам и да се поврзам со другите“, рече таа во интервјуто по натпреварот.

Патувањето на Викторија до круната започна во 2021 година кога се натпреваруваше на Мис Данска. Потоа заврши како втора придружничка, а една година подоцна стана „Мис Гранд Данска“ и ја претставуваше својата земја на меѓународен натпревар во Индонезија, каде што се пласираше во топ 20. Во септември оваа година беше крунисана Мис Универзум Данска 2024.

Натпреварот за најубава на светот во главниот град на Мексико за неа беше остварување на сонот. Од прелиминарните рунди до финалната вечер, таа постојано ги импресионираше судиите со својата грациозност, интелигенција и активизам.

„На прашањето за најважниот квалитет што треба да го поседува победничката, Викторија одговори:

„Мис Универзум мора да биде симбол на емпатија и акција. Таа мора да ги слуша предизвиците во светот и да ја искористи својата платформа за да создаде опипливи промени. Тоа значи да се биде гласот на безгласните, без разлика дали се тие животни или луѓе на кои им е потребна поддршка“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button