MAMAРецепти

Ова е најраскошната посна салата за Свети Никола – лесна, вкусна и импресивна, ќе ги воодушеви сите гости

Лесна, вкусна и визуелно импресивна, оваа посна салата ќе ја украси вашата слава и ќе ги воодушеви сите гости!

Advertisement

Свети Никола е ден за семејство, традиција и заеднички моменти околу трпезата. За да ја направите оваа слава незаборавна, ви предлагаме посна салата која плени со својот богат, но лесен вкус, а истовремено е и величествена на трпезата.

Таа може да биде освежувачко предјадење или вкусен прилог на посни сарми и риба.

Advertisement

Состојки (за 6-8 порции):

400 г макарони

1 праз (околу 300 г)

300 г шампињони

2 конзерви туна (300–320 г)

4–5 кисели краставички

350 г посен мајонез

2–3 кисели црвени пиперки

2–3 кисели моркови

Малку масло за пропржување

Сол и бибер по вкус

принтскрин јутјуб

Начин на подготовка:

Пржење на зеленчукот:

Во мала тава, пропржете го празот и шампињоните на малку масло. Додадете сол, бибер и други зачини по желба.

Подгответе ги киселите состојки:

Исечкајте ги киселите пиперки, краставички и морковите на ситни коцки или ленти.

Подготовка на основата:

Сварете ги макароните според упатството на пакувањето, а потоа оставете ги да се изладат.

Во голема чинија, измешајте ги изладените макарони со туната, краставичките и посниот мајонез. Добро соединете ги состојките.

Слојување на салатата:

На голем тањир, ставете калап и сипете половина од смесата, рамномерно распоредете.

Премачкајте со малку мајонез и посипете со морков, а потоа додадете ги празот и шампињоните.

Посипите со исечкани пиперки, па ставете ја другата половина од смесата. Рамномерно распределете и повторно премачкајте со мајонез.

Декорација:

Декорирајте според желба – со магдонос, дополнителен морков, пиперки или маслинки за впечатлив празничен изглед.

Совет за совршена салата:

За најдобар вкус, салатата е пожелно да се подготви неколку часа пред сервирање, за вкусовите да се соединат.

Можете да ја прилагодите количината на мајонез и кисели состојки според сопствениот вкус и здравствени навики.

На здравје!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button