Ова е најмоќната билка во Македонија, се продава речиси за џабе – лекува над 50 болести, а го стимулира хормонот на среќата
Оваа златножолта билка што ја гледаме покрај патиштата и насекаде низ ливадите во Македонија, со векови важи за едно од најмоќните природни лековити средства. Нејзината сила е потврдена и во старите народни записи, но и во современите медицински истражувања во Русија и Германија.

Не напразно се нарекува трева на радоста – зашто придонесува дури и за подобро расположение, а инаку, оваа билка докажано лекува над 50 заболувања и физички и психички.
Станува збор за кантарионот.

Лек за белите дробови, црниот дроб и срцето
Кантарионот ја лекува слузавоста на белите дробови, грчеви во желудникот, ја подобрува крвната слика и делува благотворно на бубрезите, црниот дроб, слезината и мочниот меур. Посебно е ефикасен кај проблеми со неконтролирано мокрење и воспаленија на уринарниот тракт.
Во Русија оваа билка се нарекува „трева на радоста“, бидејќи не само што го лекува телото, туку и ја подобрува психичката состојба затоа се препорачува кај луѓе со депресија.
Истражувањата од московскиот Институт за фитотерапија потврдуваат дека кантарионот делува позитивно врз централниот нервен систем и може да помогне при лесна и умерена депресија, без несакани ефекти како кај синтетичките антидепресиви.
Моќно масло за кожата и за раните
Во народната медицина, кантарионовото масло е познато средство за лекување на исекотини, изгореници, хемороиди и рани што тешко зараснуваат.
Маслото се прави така што свежите цветови се потопуваат во ладно цедено маслиново масло и стојат на сонце околу три недели. Добиената црвеникава течност е природен антисептик и средство за обновување на ткивото.
Лекарски записи од 19 век забележуваат дека кантарионовото масло било задолжително во кутивчињата со лекови на секоја војска и тоа токму поради неговото силно дејство врз инфекциите и раните.
Помага и за варење и за нерви
Кантарионот се користи и во форма на чај или тинктура. Етеричното масло, доколку се разреди, може да се пие за отстранување на цревни паразити и за смирување на дигестивниот систем. Фенолните соединенија во него имаат изразена антибактериска и антивирусна моќ.
Чајот од кантарион се препорачува и кај луѓе кои страдаат од хроничен замор, нервна напнатост и несоница, бидејќи го стимулира производството на серотонин – хормонот на среќата.
Како да се бере правилно
Ако сами го берете кантарионот, важно е тоа да го правите на еколошки чисти површини, најмалку 300 метри оддалеченост од патишта и издувни гасови.
Сите лековити билки, па и кантарионот, силно ги впиваат штетните материи од воздухот, па затоа се препорачува да се бере во планински или ридски предели, односно онаму каде што има чиста природа.

Дар од природата што вреди злато
Иако во продавниците и на пазарите кантарионот се продава речиси џабе, една китка чини помалку од 100 денари, неговото лековито дејство вреди повеќе од многубројни скапи апчиња и третмани. Народот со векови го користи за борба со повеќе од 50 различни болести, а современата наука само го потврдува она што старите билкари одамна го знаеле а тоа е дека кантарионот е вистински дар од природата, билка што лекува и тело и душа.



