Нега и здравје

Ова е најмоќна билка против настинки – за ефтини пари ќе бидете како „вакцинирани“ на вируси

Егзотичната билка со моќни својства сè почесто ја бараат и македонските граѓани. А има и зошто. Достапна е во продажба.

Advertisement

Со доаѓањето на постудените денови, се зголемуваат и ризиците од сезонските вируси, настинки и грип. Иако чаевите, медот, ѓумбирот и лимонот одамна се проверени како добри сојузници во борбата со вирусите, сè поголемо внимание привлекува една егзотична билка која е вистинска бомба против вируси.

Станува збор за ѕвездестиот анасон (Illicium verum). Неговиот карактеристичен облик во форма на ѕвезда не е само декоративен, туку крие и силни лековити својства кои ја засилуваат одбранбената моќ на организмот.

Advertisement

Моќни својства и здравствени придобивки

Ѕвездестиот анасон содржи шикиминска киселина, односно, супстанција која се користи и во фармацевтската индустрија за производство на лекови против грип.

пекселс

Поради тоа, оваа билка се смета за природен антибиотик и силен антивирусен сојузник. Редовната консумација, најчесто во форма на чај или со џвакање на една „ѕвезда“ после оброк, може да помогне и за полесно варење на храната, да го освежи здивот и значително да го намали ризикот од настинки. Во народната медицина се користи и против кашлица, воспалено грло и стомачни болки и тегоби.

пекселс

Го има во нашите продавници

Иако ѕвездестиот анасон не е типична билка за Македонија и природно успева во топлите и влажни региони на Југоисточна Азија, тој сепак е лесно достапен на нашиот пазар. Може да се купи во поголемите маркети, во продавници за здрава храна, како и преку онлајн продавници.

Advertisement

Цената се движи од 150 до 250 денари за пакување од 50 до 100 грама, во зависност од квалитетот и потеклото.

Во македонските домаќинства најчесто се користи како чај – неколку ѕвезди се прелеваат со врела вода и се оставаат десетина минути за да го ослободат ароматичниот и лековит вкус. Но, ѕвездестиот анасон може да го употребувате и како зачин во колачи, компоти и варени вина.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button