Ова е најмалата ќерка на Соња и Јохан Тарчуловски – ПОГОЛЕМАТА ЈА ЗНАЕМЕ, но НЕ и во ова издание
Весело семејство

Пејачката Соња Тарчуловска и нејзиниот сопруг Јохан Тарчулоски имаат три деца, ќерката Мелани, синот Младен и најмалата Јоана.
Кога Тарчуловски требаше да оди во Хаг Мелани имаше само два месеци и беше бебенце, а по две години се роди и Младен.
Најмалата сестричка Јоана се роди во 2015 година, така што пред неколку месеци наполни десет години.
Фејсбук/ Соња Тарчуловска
И токму со неа Соња и Јохан деновиве споделија неколку фотографии од осветувањето на храмот „Св. Константин и Елена“ во Скопје.
Како изгледаше ова весело семејство, погледнете во продолжение:
Потсетуваме, Мелани е најстара ќерка и таа веќе успешно чекори по стапките на својата мајка, а деновиве објави и нов спот.
Таа оваа година е актуелна и со натпреварот во „Иди-џеј шоу“, а со песната и спотот што ги објави многумина изненади.
Имено, наследничката на македонската фолк-пејачка овој пат сними етно балада со родољубива содржина, посветена на Јанка Гоцева, најголемата љубов на македонскиот јунак Гоце Делчев.
Принтскрин/ Јутуб
Во песната е опеана во модерен етно звук љубовта помеѓу Гоце и неговата несудена невеста, Јанка Канавчева од Кукуш.
Принтскрин/ Јутуб
Текстот и мелодијата на песната се на Мошко Талевски, додека аранжманот, продукцијата и изведбата на придружните вокали се на Браќата Тавитијан. Спотот е снимен од Томато Продукција, на Козјак.
Како Мелани изгледаше во ова ново издание, но и како звучи нејзината нова песна, слушнете во продолжение: