MAMAРецепти

Ова е најдобриот рецепт за туфахии – се топат во уста, колку се сочни!

Туфахиите не се само десерт, туку и дел од историјата и културното наследство на Балканот, симбол на гостопримство и семејна топлина. 

Advertisement

Туфахиите се традиционален десерт кој потекнува од ориенталната кујна и со векови се подготвува и во нашите краеви. Името „туфахија“ доаѓа од арапскиот збор туфах, што значи јаболко.

За време на отоманскиот период десертот се проширил низ Балканот и станал омилен симбол на свечените трпези и на семејните собири. Се смета за едно од најпрепознатливите слатки на босанската кујна, но денес подеднакво уживаат во него и во Македонија, Србија, па дури и во Хрватска.

Advertisement

Привлечноста на овој десерт лежи во неговата едноставност и совршениот баланс на вкусови: сочни јаболка, богата смеса од ореви и сладок сируп – поврзани прават совршенство од вкусови.

принтскрин јутјуб

Еве како да ги направите туфахиите по оригинален рецепт:

Состојки:

6 средни јаболка (најдобро „Златен делишес“ или „Ајдаред“)

Advertisement

1 литар вода

500 г шеќер

1 лимон

200 г мелени ореви

100 г шеќер во прав

1 ванилин шеќер

1 белка од јајце

Шлаг за декорација

Подготовка:

Излупете ги јаболките и извадете ја од нив средината, а петелката оставете ја. Исечете го лимонот на кришки и ставете го во сад со вода. Јаболката веднаш ставајте ги во водата со лимон за да не потемнат.

Во поголемо тенџере сварете сируп од 1 литар вода и 500 г шеќер. Кога шеќерот ќе се стопи, намалете ја температурата и додадете ги јаболките. Варете ги 10-15 минути на тивко, додека омекнат, но да не го изгубат обликот. Извадете ги и оставете ги да се изладат, а сирупот сочувајте го.

Во сад измешајте мелени ореви, шеќер во прав, ванилин шеќер и белка од јајце. Ако смесата е густа, додадете малку од сирупот. Со оваа смеса наполнете ги изладените јаболки, ставете ги во подлабоки чинии, прелијте ги со сируп и украсете ги со шлаг и мелени ореви.

принтскрин јутјуб

Туфакиите се најубави кога се добро изладени, па оставете ги во фрижидер најмалку еден час пред сервирање.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button