Реклама
MAMAРецепти

За тестото секогаш да ви биде совршено: Ова е најдобрата замена за квасецот!

Реклама

Спремивте се’ за да го направите своето омилено тесто, но не успеавте да најдете квасец? Не разочаруајте се, имаме решение!

ФОТО: kingarthurflour.com

Искусните пекари знаат дека за квасецот постои замена со која тестото секогаш ќе ви излезе одлично. За тестото да нарасне доволно и да биде вкусно, послужете се со сода бикарбона! Се’ што треба да направите е во смесата да додадете една до две лажички сода бикарбона, во зависност од количината на тестото. Во продолжение погледнете еден рецепт за брза погача кој можете да го испробате со сода бикарбона.

Потребни состојки:

  • 500 грама меко брашно
  • 250 милилитри млака вода
  • 1 лажичка сол
  • 1/2 лажичка сода бикарбона

Начин на подготовка: Сода бикарбоната растворете ја во малку ладна вода и додајте го брашното. Со постепено додавање млака вода, замесете тесто кое ќе биде мазно, а и малку тврдо. Тестото месете го околу 5 минути, а по потреба додавајте и брашно. Покријте го и оставете го 15-тина минути, а за тоа време загрејте ја рерната на 250 степени. Печете додека погачата не зарумени.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button