Спремивте се’ за да го направите своето омилено тесто, но не успеавте да најдете квасец? Не разочаруајте се, имаме решение!
Искусните пекари знаат дека за квасецот постои замена со која тестото секогаш ќе ви излезе одлично. За тестото да нарасне доволно и да биде вкусно, послужете се со сода бикарбона! Се’ што треба да направите е во смесата да додадете една до две лажички сода бикарбона, во зависност од количината на тестото. Во продолжение погледнете еден рецепт за брза погача кој можете да го испробате со сода бикарбона.
Потребни состојки:
- 500 грама меко брашно
- 250 милилитри млака вода
- 1 лажичка сол
- 1/2 лажичка сода бикарбона
Начин на подготовка: Сода бикарбоната растворете ја во малку ладна вода и додајте го брашното. Со постепено додавање млака вода, замесете тесто кое ќе биде мазно, а и малку тврдо. Тестото месете го околу 5 минути, а по потреба додавајте и брашно. Покријте го и оставете го 15-тина минути, а за тоа време загрејте ја рерната на 250 степени. Печете додека погачата не зарумени.