Ова е најбогатиот пејач на цел Балкан – Македонците го обожаваат, парите не му значат ништо во животот
За него велат дека „тежи“ 100 милиони долари

Неверојатна сума
Според познатиот портал „Celebrity Net Worth“ еден од најбогатите пејачи на Балканот е Дино Мерлин.
Според информациите на овој портал кој го објавува богатството на светските ѕвезди, се проценува дека Дино Мерлин „тежи“ некаде околу 100 милиони долари, со што е најбогатиот пејач на Балканот.
Принтскрин/ Јутуб
Како за споредба, пејачот Здравко Чолиќ на овој портал вреди околу 20 милиони долари, што е за 80 милиони помалку.
На овој сајт го има и Тоше Проески, па така според овие информации неговото богатство било околу 10 милиони долари.
„Би-Би-Си го нарече еднаш Тоше Проески ‘Балканскиот Елвис Присли’“, пишува на овој сајт за Тоше.
Принтскрин/ Јутуб
Парите не му се важни …
Што се однесува до богатството на Дино Мерлин, кој важи за мошне скромен семеен човек, овие цифри ги изненадија сите.
Тој отсекогаш истакнувал колку е горд на своето семејство, а со својата сопруга Амел има две деца, ќерката Наида и синот Хамза.
Неговата ќерка веќе со години работи во неговиот тим и се занимава со ПР, а за сопругата Амел, Дино во една пригода изјави:
„Со мојата сопруга Амел сум од седумнаесеттата година и се уште ми е убаво. Немам ни проблеми ни скандали. Всушност, не сме во брак толку години, бидејќи се забавувавме пет години“, раскажа во една пригода Дино, откривајќи дека во тоа време бил сиромашен, а Амела студирала архитектура, па нејзините родители биле против нивната врска.
Забранета љубов
„Се каравме, се криевме, но никој не можеше да нè раздели. По пет години се венчавме тајно. Беше романтична венчавка, иако буквално ја киднапирав сопругата. Со нас беа само мојот кум и сестрата на Амела, која ни беше кума. Говорот на матичарот беше предолг за мене, постојано гледав кон вратата за да не помине никој и да ни ја расипе среќата“ – откри Дино, па потоа се потсети и на нивното прво свадбено патување.
„По венчавката, отидовме на свадбено патување во Дубровник, а кога се вративме, се преселивме кај мајка ми и веднаш го почувствувавме влијанието на секојдневниот живот. Ме чекаше голема одговорност за семејството и напорна работа, а родителите на Амелија беа толку лути што не сакаа ниту да слушнат од неа половина година.
„Живеевме тежок живот и немав можност да одат на море. Сега кога се дојде н свое место, можам малку и да пловам. Немам никаква грижа на совеста, ни заради бродот што го имам, ни заради љубовта кон морето“, истакна познатиот пејач во една пригода за медиумите.
Принтскрин/ Јутуб
Пејачот никогаш не истакнувал дека му се важни материјалните работи, а оние кои со него биле блиски приватно, велат дека за пари никогаш не сакал да зборува, па ситуацијата е таква и денес.
Потсетуваме, Дино Мерлин претходниот викенд имаше спектакуларен настап во Штип (види тука), а малкумина знаат дека пејачот ги има напишано и најголемите хитови на Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Имено, Дино е автор на песната „Београд“ од 1991 година, а негова е и песната „Заборви“ која ја има направено наменски за неа.