Ова е најбајковитата македонска божиќна планинска дестинација – сместување како од разгледница, јадење како од реклама
Празничната бајка се случува тука, на Пелистер, и се изгледа како сцена од божиќна сликовница.

Во срцето на Пелистер, таму каде што тишината на шумата се претвора во најубавата зимска музика, се наоѓа хотелот „Шумски Фенери“, дестинација што секоја година, токму во овој период, станува вистинска новогодишна и божиќна бајка.

На само неколку километри од Битола, овој семеен хотел ја носи онаа топлина што тешко денес може да се најде, што не навраќа на безрижното детство. Таа топлина е исткаена, како волнено шалче, од традиција, многу труд и уште повеќе љубов.


Како и секоја година, празничната магија почнува полека, со денови и денови украсување. Светилките блеснуваат една по друга, лампиони се редат со грижа, а централната ѕвезда – петметарската елка – е како кралица облечена во светкава одежда. Во „Шумски Фенери“ ништо од ова не е случајно. Овде празниците не се само декорација, туку чувство на радост, додека целиот двор се претвора во зимска разгледница што изгледа како да е наменета за реклама.

Престојот во хотелот, особено во ова време од годината, е вистинско доживување. Комфорните соби освојуваат при првата средба, а ресторанот и храната се приказна што долго се раскажува. Природата, опкружувањето, спокојството, атмосферата и свежиот воздух ја надополнуваат целата сцена – токму така изгледа одмор што останува во сеќавање.

Дополнителна празнична магија носи и Пелистерскиот новогодишен базар 2025, кој ќе се одржи на 16 и 17 декември во најукрасениот двор во Битола, токму во дворот на „Шумски Фенери“. Очекувајте две вечери сосема во духот на празниците, варено вино, топло чоколадо, препознатливи зимски вкусови, музика и многу светлина.

За сите што бараат место каде што празниците се доживуваат со сите сетила, еве причина да ги оставите зад себе плоштадите, метежот и градот.







