Ова е мистериозната сопруга на Миле Паника од „К-15“ – многумина ќе се изненадат од нејзината професија
Дали знаете како изгледа жената што го освои срцето на Миле Паника и со што се занимава таа?
Сопругата на Миле Паника не сака премногу да се експонира во јавноста
Иако пред публиката е веќе повеќе од три децении, за приватниот живот на Бранко Огњановски, се знае многу малку.
Тој стана препознатлив по неговиот генијален лик Миле Паника и откако во 1994 година се емитуваше првата епизода на „К-15“ на „А1“, за многу брзо време заедно со своите колеги Васко Тодоров (легендарниот Тошо Малеро) и Љупчо Бубо Каров (неодоливиот Цацко Конопишки), станаа омилени ликови во Македонија.
Тој и откако престана емитувањето на К-15 продолжи да се занимава со хумор, а присутен е и на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Миле Паника
И токму благодарение на неговите објави на Инстаграм и Фејсбук, понекогаш може да ѕирнеме и во неговата приватност.
Инстаграм/ Миле Паника
Имено, Бранко веќе со децении е оженет и е во складен брак со сликарката Анита која по професија е уметник.
Инстаграм/ Миле Паника
Но неговата сопруга за разлика од Бранко, многу ретко ја гледаме во медиумите, иако и таа е многу успешна во својата професија.
Инстаграм/ Миле Паника
Имено, Анита иако е дипломирана економистка, а студирала и постдипломски студии од областа на управувањето со човечки ресурси, таа пред неколку години реши целосно да и се посвети на својата голема љубов – сликарството.
Инстаграм/ Анита Огњановска
Поприлично е активна и на социјалните мрежи каде ги објавува своите дела, а со сликањер се занимава активно веќе 15 години.
Инстаграм/ Анита Огњановска
Таа денес целосно му е посветена на сликањето кое ја прави среќна и максимално ја исполнува, а досега имала бројни самостојни и колективни изложби, додека нејзините дела красат домови ширум светот. Некои од нејзините дела погледнете во продолжение: