Ова е мајката на нашиот пејач кој неодамна се разведе – наскоро ќе стане татко, снаата е вистинска убавица
Многумина мислат дека заради неа се разведува

Ова е мајката на нашиот пејач кој неодамна се разведе
Пред неколку месеци ги изненади сите кога откри дека се разведува, а сега пак со веста дека наскоро ќе стане татко.
Станува збор за македонската Гранд ѕвезда, Александар Јосифовски, за кого овие денови пишуваа и медиумите од соседството.

Инстаграм/ Александар Јосифовски
Имено, Александар по осум години брак се разведе од својата поранешна сопруга, а неколку месеци подоцна, откри дека повторно е вљубен. Охриѓанецот сега со својата нова девојка живее во Белград, а како што објави „Гранд.онлајн“, наскоро ќе стане и татко.
Неговата нова девојка се вика Ана, а пејачот не крие дека таа и се допаднала и на неговата мајка, која инаку е позната пејачка.

Принтскрин/ Јутуб
Имено, мајка на Александар е пејачката Елизабета Јосифовска која е среќна што нејзиниот син повторно е заљубен.
Инаку, многумина коментираат дека новата девојка на Александар многу личи на неговата мајка (види тука), а пејачот неодамна во една емисија отворено зборуваше и за тоа каков однос имаат мајка му и Ана.

Принтскрин/ Јутуб, Гранд
„Мајка ми се сретна со Ана и веднаш се најдоа, па сега се нешто како другарки, ‘јас излегов виновен’“, изјави во шега тој неодамна.
Пејачот тогаш откри и дека Ана не е причината за неговиот развод, како што многумина мислеле на почетокот, бидејќи нивната љубов се родила нешто подоцна, по разделбата од поранешната сопруга.

Принтскрин/ Јутуб
Потсетуваме, Александар Јосифовски се прослави во „Ѕвездите на Гранд“, каде ментор му беше Ѓорѓе Давид.

Инстаграм/ Александар Јосифовски
Тој два пати се натпреваруваше во популарното шоу, а вториот пат заврши како вицешампион, по што му се оствари сонот.

Инстаграм/ Александар Јосифовски
Имено, тој по натпреварот замина на турнеја со Лепа Брена во Америка каде одржаа голем број концерти, а пот сними и неколку песни за „Гранд“. Во последниот спот тој пее токму за мајка му, а Елизабета и се појавува во него, што беше вистинско изненадување за сите.
Повеќе за ова прочитајте тука >>



