Наши ѕвезди

Ова е куќата во која пред шест децении се роди Атиџе Муратова – медената хероина славеше роденден

Медената хероина го прослави својот 61 роденден

Advertisement

Ова беше посебен ден за нашата медена хероина

Медената хероина Атиџе Муратова на 16 јануари наполни 60 години, па ова беше убава прилика да прослави со најблиските.

Advertisement

Таа е родена на 16 јануари 1964 година во село Бекирлија, во куќата во која се снимаше култниот филм „Медената земја“.

Атиџе во оваа куќа живееше со додека не ја доби новата куќа во Дорфулија, заедно со својата болна мајка, Назифе Муратова.

Advertisement
Принтскрин/ Јутуб

Нејзината мајка почина пред шест години, додека се снимаше филмот и пред истиот да се појави на Оскарите.

Принтскрин/ Јутуб

„Таа знаеше дека снимаме, знаеше и за куќата што ни ја купија продуцентите во Дорфулија. Ми викаше: ‘Ќерко ти многу сакаш да пееш, оди, снимај, ќе бидам јас добра. Среќна сум за тебе’“, изјави Атиџе во една пригода за А1он.

Принтскрин/ Јутуб

Атиџе по снимањето на документарниот филм за нејзиниот живот и пчеларството што предизвика голем интерес во целиот свет, се пресели во новата куќа во Дорфулија каде што живее и денес.

Нејзината куќа во која што таа денес живее е оддалечена 20-на километри од куќата во која се снимаше документарецот.

Принтскрин/ Јутуб

Што се однесува до нејзината љубов кон пчелите, таа во една пригода откри дека е со нив уште откако како дете прв пат пробала мед.

Но бидејќи семејството било во тешка материјална состојба, не можеле редовно да купуваат мед, па таа научила како се прави.

Принтскрин/ Јутуб

Потоа продолживме, меракот остана, ама фала Богу, од пчелата медена земја добивме, и куќа добивме и големи пофалби добивме за нашата Македонија“, истакнува Атиџе во една пригода за медиумите.

Принтскрин/ Јутуб

Таа тогаш откри дека пчелите на почетокот ја касале, но со тек на време научила како да се однесува во нивна близина, но и најважното правило и мото во нејзиниот живот – „половина мед за пчелата, половина мед за мене“, реченицата која ги трогна сите што го гледале документарниот филм од Македонија што блесна и на Оскарите.

„Повеќе на пчелите да им се остава. Ако нема пчели, од каде мед? На целиот свет му требаат пчели. Ако немаме пчели, ќе немаме ниту здравје“, постојан истакнува Атиџе во своите интервјуа што ги има дадено досега во медиумите.

Бонус видео

Атиџе – шепнувач на плечите

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button