Наши ѕвезди

Ова е куќата на фолк-пејачот Спасен Сиљаноски во Пополжани – тука го пронаоѓа својот мир

Во близина на неговиот дом има и река...

Advertisement

Спасен е еден од нашите најпознати фолк-пејачи, но оние што го познаваат за него целат дека е тивок и скромен човек, секогаш расположен и сите ги поздравува со насмевка на лицето. И како што самиот многу пати истакнал досега, тој е човек кој ја сака природата и мирот што таа го нуди, па затоа и на ова место се чувствува како во рајот…

Нашиот познат фолк-пејач Спасен Сиљаноски најмногу сака кога има време да помине во својот мал рај во Пополжани.

Неговите родители се уште живеат таму, а на пејачот куќата што ја има таму и денес му е најголема оаза на мирот.

Advertisement

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Впрочем и самиот тоа многу пати го има истакнато, а често споделува и снимки од ова место на социјалните мрежи.

„Многу сакам да појдам во селото од каде што потекнувам, да ги видам убавините на моето Кичево, да шетам по Пополжани, да возам велосипед, така се полнам емотивно“, изјави во една пригода Спасен за „Гламур“, откривајќи дека слободното време најчесто го користи за да го помине со сопругата и децата, но и за да го посети своето родно место.

Advertisement

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Таткото и мајката на Спасен во нивниот дом

„Исто сакам да ги посетам и нашите христијански православни храмови како манастирот Св. Пречиста кој е мојот духовен дом исто и Бигорскиот манастир. Едноставно слободното време го користам за да наполнам батерии бидејќи нашата работа е стресна“, изјави во една пригода Спасен, а потоа откри и дека во Пополжани има и милениче, односно „миленичиште“ како пто вели самиот.

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

„Имам шарпланинец, има три години се вика Оскар. Огромен е! Со педигре. Јас сум љубител на шарпланинци, а го чувам кај моите во Кичево. Во Скопје имам едно маче. Да знаете мачето ви дава многу позитивна енергија, кога сте нервозни само земете го во раце, кога преде ви дава вибрации кои смируваат“, изјави тогаш нашиот познат фолк-пејач за своите миленици.

Целото интервју со Спасен потсетете се тука >>

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button