Ова е ќерката на најпознатиот музичар од поранешна Југославија – ќе се изненадите со што се занимава
Нејзиниот татко е еден од најбогатите музичари, а таа своите пари ги заработува на овој начин

Горан Бреговиќ од бракот со сопругата Џенан има три ќерки Ема, Лула и Уна, кои веќе пораснаа и тргнаа по свој пат.
Но она што малкумина го знаат за нив е дека сите три се со различна исповед која сами ја имаат избрано.
Најстарата ќерка Ема има магистрирано на префинети уметности во Нант и нејзините дела можат да се видат и на изложбите во Белград. Средната ќерка Уна има 23 години и се определила за актерство, додека најмладата Лула има 21 година е заинтересирана за мода и дизајн.

Инстаграм
Но според нејзината последна објава може да видиме дека Лулу моментално се занимава и со уметничко цртање на нокти.
Таа има салон во својот стан во Париз, а од нејзините објави може да се види и како изгледаат овие нејзини ремек-дела.

Инстаграм
И ценовникот не е тајна
Не е тајна и колку оваа млада дама наплаќа за својата работа – за дизајнирање на природни нокти, цената е 20 евра, додека гел сет треба да се издвојат од 30 до 40 евра, а full freestyle чини 45 евра.

Инстаграм
Потсетуваме, Бреговиќ покрај трите ќерки од бракот со Џенан има и една ќерка која што ја има добиено од вонбрачна заедница.
Станува збор за Жељка која денес живее во Австрија, каде што е мажена и има деца, а е во одличен однос со својот татко.

Инстаграм
Инаку, Горан по татко е Хрват, а по мајка Србин.
Неговата сопруга Џенан е муслиманка, а трите ќерки што ги има со неа имаат различна вероисповед.

Инстаграм

Инстаграм
Познатиот Брега, пред неколку години, во интервју за „Блиц“, откри дека една од неговите ќерки е муслиманка, додека другата будист, а третата ја има православната вероисповед.
„Моите деца кога беа мали за време на Бајрам беа муслимани и добиваа подароци, за време на Божиќ и Велигден беа христијани, бидејќи и тогаш добиваа подароци. Сега веќе не знам што слават. Мислам дека само средната, која сега е во пубертет – е будист. Тоа секако не ни пречи. Моите деца ќе бидат Французи, макар што сакаат да доаѓаат во нашите краеви и имаат другарки тука. А за сопругата и за мене е доцна, ние двајцата секогаш ќе си бидеме наши“, изјави тогаш познатиот музичар.




