Наши ѕвезди

Ова е ќерката на Анета која што ја роди на 18 години – неверојатно личат, како да се сестри (фото)

Пејачката многу млада се оствари во улога на мајка

Advertisement

Нашата пејачка се гордее со својата убава наследничка

Анета Љумаковска (40) важи за една од нашите најпознати пејачки, а долго време беше дел од популарната Група Молика.

Advertisement

Малкумина знаат дека таа е и актерка и дека се има појавено и во филм, но и дека својата ќерка ја родила на 18 години.

Принтскрин/ Јутуб

Имено, Анета својата убава наследничка Моника со која се гордее ја добила мошне млада, па денес многумина за нив коментираат дека изгледаат како сестри. Тоа впрочем можевме да го видиме и од последната фотографија што нашата популарна пејачка ја сподели, а на која е со наследничката.

Advertisement

Интересно е и тоа што тие сега имаат речиси и иста нијанса на коса, само што Мони има подолга, додека Анета пократка фризура.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Од оваа објава на пејачката на Инстаграм може да видиме дека нејзината наследничка пораснала во вистинска убавица.

И бидејќи Анета ја родила мошне млада, така што Моника сега има 22 години и не чуди што изгледаат како сестри, што редовно им го кажуваат и заради што пејачката добива бројни коментари од фановите.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Таа многу пати досега истакнала дека освен со својата кариера со гордее и со неа, а тоа може да се заклучи и од нејзините објави.

Имено, Анета често знае да сподели фотографии на кои тие се заедно, и тие секогаш блескаат кога се една покрај друга.

Принтскрин/ Јутуб

Млада мајка

Моника, кој оваа година ќе наполни 23 порасна во вистинска убавица, а од пред некое време плени и со својата црвена коса.

Не случајно оваа нијанса сега ја има и пејачката, така што и двете изгледаат мошне впечатливо и атрактивно.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

Многумина беа воодушевени и од ова нивно издание, а Анета на фотографијата изгледа пресреќно и блеска од убавина.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

„За жал не можев да поминам многу време заедно со мојата ќерка, меѓутоа можам да се пофалам дека сум одличен родител кој се грижи за своето дете. И да бидам искрена сега сме поблиски од кога било иако е далеку од дома каде што си има оформено свој живот“, изјави во една пригода Анета за Гламур, а потоа додаде и колку се гордее со неа.

Инстаграм/ Анета Љумаковска

„И со гордост можам да кажам дека е израсната во една прекрасна личност на која сум бескрајно горда“, заклучи тогаш Анета.

Целото интервју со пејачката може да го ѕирнете тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button