Огласи
Вести

Ова е херојот од Штип кој влезе во огнот за да си ја спаси другарката – нека му е светол патот до рајот!

Ова се младите херои од Виница и Штип – едниот преживеа, но другиот, за жал, не успеа да се спаси

advertisement
advert

Овој текст е посветен за двајца млади херои – едниот од нив ja преживеа несреќата и се молиме што поскоро да оздрави и да се врати кај своите најблиски, но другиот за жал не успеа да се спаси, па во длабока тага и во името на сите наши читатели изразуваме сочувство до семејството…

Јован Костадинов од Виница има само 19 години и стана симбол на храброста и несебичноста откако во страшниот пожар во Кочани, кога се запал дискотеката „Пулс“, успеал да спаси најмалку 20 лица.

Неговото херојство одекна на социјалните мрежи, а многумина му испраќаат поддршка и се молат побрзо да оздрави.

реклама
Принтскрин/ Социјални мрежи

Како што пишуваат неговите пријатели Јован бил надвор за време на пожарот, но без размислување се вратил во дискотега за да им помогне на другите. Тој го земал цревото што го нашол во гаража во близина, ја натопил својата маица за да ја стви на лице и без двоумење влегол во огнот, не размислувајќи за себе, туку за оние на кои во овие страшни моменти помошта им беше најпотребна.

Од диското извадил 20 девојчиња

Браво за Јован и побрзо да оздрави, пишуваат многумина под секоја објава за ова 19 годишно момче херој од Виница.

Марpкетинг
Принтскрин/ Социјални мрежи

Принтскрин/ Социјални мрежи

Неговото херојско дело инспирира и ни покажува дека и во најтешките моменти постојат луѓе кои се спремни да го ризикуваат сопствениот живот за да им помогнат на другите.

Принтскрин/ Социјални мрежи

Но за жал покрај Јован постојат и млади лица кои исто така беа вистински херои во страшната несреќа, но кои не успеаја да преживеат.

Еден од нив е младиот Филип Ивановски од Штип, кој успеал да излезе без повреди од пожарот, но се вратил да и помогне на другарка која на немало надвор. Тој без размислување се врати во огнот и чадот, но од таму повеќе никогаш не се врати.

Принтскрин/ Социјални мрежи

Неговиот последно испраќање ќе биде денес, во Соборниот храм Свети Николе во Штип, од 09.00 до 11.00 часот.

Принтскрин/ Социјални мрежи

epp

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button