Ова е Гого, Македонецот што стана светски шампион – Американецот НЕ ГИ ИЗДРЖА неговите тупаници
Гого е нашиот херој на месецот
Горјан Гого Славески, најдобриот македонски борец во бокс без ракавици, го совлада Американецот Џејк Линдзи и стана светски шампион во велтер-категорија, до 75 килограми..
На Гого ова му е шеста победа во исто толку борби со што сосема заслужено дојде до оваа светска титула во бокс.
Македонскиот воин го победи 37-годишниот искусен Американец во главната борба на натпреварот во велтер категорија во бокс без ракавици што се одржа во Мајами.
Фото: Инстаграм/ gogo_braveheart
Гого до титулата дојде откако судиите без дилеми пресудија на кого треба да му се додели победата бидејќи мечот немаше предвремен финиш.
Фото: Инстаграм/ gogo_braveheart
Настанот во Мајами го организираше најпопуларната и најголема организација за овој тим на бокс, „Bare Knuckles“.
Фото: Инстаграм/ gogo_braveheart
Македонскиот боксер со оваа победа стана апсолутен шампион во својата велтер- категорија, до 75 килограми.
Фото: Инстаграм/ gogo_braveheart
Од досегашните шест борби и шест победи, четири му беа со нок-аут или технички нок-аут, додека титулата ја освои на поени.
Фото: Инстаграм/ gogo_braveheart
Како што претходно пренесува нашите медиуми, проценката е дека победникот покрај шампионскиот појас ќе заработи 250.000 долари.
Инаку Гого, кој во Америка е веќе познат меѓу љубителите на овој спорт, во Европа се бореше со ракавици и има шампионски појас во УФБ.
Повеќе фотки од овој наш херој, погледнете во продолжение: