Ѕирнете во едно од НАЈДОБРИТЕ училишта во Македонија – откријте зошто се разликува од сите останати
Ова училиште нуди многу повеќе од образвание
Многумина велат дека изборот на вистинското училиште е најдобрата инвестиција во иднината на нашите деца…
Образованието на децата и изборот на најсоодветното училиште за нив се меѓу најважните прашања за секој родител. Едноставно не постои родител кој не сака неговото дете да го добие најдоброто образование, што ќе му овозможи да ги развие своите способности и таленти и да стекне нови вештини и знаења што во иднина ќе му помогнат да прерасне во вредна и одговорна личност.
За да им помогнеме на родителите во изборот на најдоброто училиште за нивните деца, денес решивме да ви претставиме едно од нашите најдобри приватни училишта, што воедно е и единственото училиште со лиценца од Оксфорд во регионот.
Меѓународно училиште „Максимилијан“
Ќе се потрудиме да доловиме како изгледа еден ден на учениците во ова училиште, зошто тоа се разликува од останатите, и кои предности ги нуди во однос на останатите училишта.
Меѓународно училиште „Максимилијан“
Станува збор за Меѓународното училиште „Максимилијан“ во Скопје, што успешно работи од неговото основање во 2009 година и се наоѓа на одлична локација во срцето на градскиот парк. Училиштето го посетуваат ученици од прво одделение до четврта година гимназија.
Меѓународно училиште „Максимилијан“
Од прво одделение до четврта година гимназија
Меѓународното училиште Максимилијан важи за една од водечките образовни институции во Македонија, целосно посветена на имплементација на светските стандарди во образованието, училиште што гордо го носи епитетот ИБ светско училиште и поседува и лиценца од Оксфорд, на што одговорните се посебно горди.
Светско ИБ училиште
Училиштето работи во согласност со меѓународниот образовен систем (ИБ програма) со соодветен училишен распоред, така што на ученците од најрана возраст им се пристапува на начин што ќе ја поттикне нивната креативност, како и критичко размислување, комуникација, емоционална интелигенција, отворен ум и размислување.
Меѓународно училиште „Максимилијан“
Меѓународен курикулум на Оксфорд
Што се однесува до лиценцата од Оксфорд, имплементацијата на меѓународниот курикулум на Оксфорд (Oxford International Curriculum) во училиштето значи дека се следат највисоките стандарди на меѓународното образование, со што учениците во Максимилијан добиваат единствена можност за успех на глобално ниво.
Оваа образовна рамка не само што им ги отвора вратите на учениците во иднина да станат дел од врвни универзитети, туку и ги оспособува да бидат лидери на иднината. Сите ученици што ја следат оваа програма добиваат сертификати од Оксфорд, што служат како признание за нивниот труд и овозможуваат полесен пристап до образовни институции во целиот свет.
Како илустрација за придобивките од оваа програма би ги спомнале и предметите Добросостојба и Одржливост, како задолжителни предмети во рамките на Меѓународен курикулум на Оксфорд.
Меѓународно училиште „Максимилијан“
Овие предмети не само што им овозможуваат на учениците да го одржуваат менталното и физичкото здравје, туку и им помагаат да развијат вештини за справување со стрес и грижа како за самите себеси, така и за другите. Во свет во кој младите се соочуваат со сè повеќе предизвици, оваа наставна компонента е неопходна за градење на стабилни, отпорни и самоуверени личности.
Меѓународно училиште „Максимилијан“
Главна предност на МУ „Максимилијан“
Уште пред 20 години Националниот центар за образование во Соединетите Американски Држави официјално потврди дека приватните училишта во САД имаат поголеми барања отколку државните и дека учениците во приватните училишта поминуваат повеќе време на учење отколку нивните врсници кои посетуваат државни училишта. Што се однесува до ситуацијата кај нас, односно конкретно за учениците во „Максимилијан“, може да се каже дека тие треба да исполнуваат повисоки стандарди за да го следат просекот во одделението.
Исто така, вреди да се напомене и дека голем дел од активностите што во државните училишта се спроведуваат како воннаставни активности, во „Максимилијан“ може да бидат дел од редовните предмети, па доколку сте родители на талентирани спортисти, уметници или млади научници, треба да земете предвид дека „Максимилијан“ многу полесно ќе излезе во пресрет на сите потреби и желби на вашите деца и ќе ги исполни нивните потенцијали отколку државните училишта.
Меѓународно училиште „Максимилијан“
Настава на англиски јазик, паралелки до 10 ученици
Експертите од областа на образованието одамна заклучиле дека помалите групи ученици се многу поефективни и поефикасни отколку паралелките во кои има поголем број ученици.
Кога во одделението или класот има помал број ученици, тие имаат многу повеќе време да разговараат со своите професори и многу побрзо да го совладаат материјалот и побрзо да напредуваат во учењето. Од друга страна, и самите професори имаат повеќе време да посветат на секој ученик поединечно и да ги увидат неговите интереси и способности, па врз основа на тоа да изградат најефективен пристап кон него.
Токму од овие причини, во Меѓународното училиште „Максимилијан“ паралелките се мали, со најмногу до 10 ученици.
Едноставно, тие се убедени во предностите на индивидуалниот пристап, па максимално се посветени на целокупниот развој на своите ученици. Наставната програма се изведува целосно на англиски јазик, а со индивидуалниот пристап и вниманието на потребите на секој ученик посебно, „Максимилијан“ става акцент не само на академските способности туку и на когнитивните функции на секој ученик, како и на неговото ментално здравје и правилен развој.
Меѓународно училиште „Максимилијан“
И родителите треба да се вклучат
Сите родители треба да бидат запознаени што нивните деца прават на училиште, и како тоа влијае на нивниот живот надвор од него, бидејќи денешните генерации се соочуваат со најразлични предизвици на секој чекор. Токму затоа во „Максимилијан“ и родителите и заедницата активно учествуваат во образовните активности на учениците. Ваквиот пристап на тимот на „Максимилијан“ овозможува родителите да бидат запознаени со сите аспекти на образованието на своите најмили, што им помага да се ослободат од грижите и да бидат сигурни дека децата им престојуваат во максимално позитивно и мотивирачко опкружување.
Па, доколку сакате и на вашето дете да му обезбедите услови и можности да ги оствари своите потенцијали и амбиции, изберете го приватното училиште „Максимилијан“, како ваш партнер во реализацијата на потребите и интересите на вашето дете.
Изберете училиште во кое индивидуалноста на секое дете максимално се почитува, училиште во кое со задоволство се учи, се расте и се станува успешен човек, и што е уште поважно – училиште во кое вашето дете најлесно ќе успее да си го оствари својот сон.