Ова е девојката за која се шушка дека го освоила Никола Станишиќ – испливаа фотки што сите ги изненадија
Многумина се прашуваат дали Никола е во врска со оваа млада дама, а тие со најновите објави на Инстаграм дополнително ги збунија сите...

Која е младата дама за која веќе некое време се шушка дека е во врска со победникот во „Ѕвездите на Гранд“, Никола Станишиќ?
Победникот од најгледаното шоу во регионот „Ѕвездите на Гранд“, Никола Станишиќ, и финалистката Анѓела Арман, деновиве го завршија снимањето на заедничкиот спот кој наскоро ќе го објават.
Но пред да ги откријат деталите, Анѓела на социјалните мрежи сподели фотки на кои е во венчаница и сите ги изненади.
Инстаграм/ Анѓела Арман
Сепак, станува збор за фотографии направени на снимањето, а многумина веднаш помислија дека во прашање е венчавка.
На фотографиите е и Никола Станишиќ со кого Анѓела ја поврзуваа и за време на натпреварот, па повторно тргнаа шпекулациите дека помеѓу нема само пријателство, иако тие досега и двајцата овие информации ги немаат ниту потврдено, ниту демантирано во медиумите.
Инстаграм/ Анѓела Арман
Беа блиски и во финалето
Интересен беше моментот и додека траеше финалето, кога новинарката од „Гранд“ му ја предаде статуетката на Никола.
Инстаграм/ Анѓела Арман
Никола тогаш се уште не беше победник, па на прашањето која колешка најмногу би се радувала ако тој победи, пејачот од Македонија како од пушка ја спомна Анѓела со која и тогаш беше мошне близок.
„Прва Анѓела Армани ќе се радува затоа што е тука блиску, Анѓелка“, се пошегува Никола тогаш пред камерите на „Гранд“.
Инстаграм/ Анѓела Арман
Никола е мистериозното момче?
Од друга страна и Анѓелка која за време на натпреварот мамеше воздишки кај посилниот пол со своите провокативни стајлинзи, на прашањето од страна на новинарите на „Гранд“ што треба да поседува еден маж за да ја освои, пејачката одговори:
„Јас сум веќе освоена“, сподели оваа млада дама тогаш, но не сакаше да открие повеќе детали пред телевизиските камери.
Инстаграм/ Анѓела Арман
Од друга страна што вели и нашиот Никола на прашањето дали повторно е вљубен откако неодамна раскина со својата девојка, но и повеќе детали за неговиот концерт во Скопје, откријте тука.
Опасна џебна Венера
Потсетуваме, Анѓела беше една од финалистките во претходната сезона во „Ѕвездите на Гранд“ кога победи Никола Станишиќ.
Инстаграм/ Анѓела Арман
Публиката ја препознава по нејзините сјајни настапи, но и провокативни стајлинзи кои секогаш самоуверено ги носи.
Покрај нејзиното беспрекорно тело, Анѓела е горда и на тоа што ја викаат џебна Венера, и смета дека таа е со идеални пропорции.
Инстаграм/ Анѓела Арман
„Јас сум висока 159 сантиметри, но секогаш заокружувам на 160“, изјави во една пригода финалистката, па додаде:
„Мислам дека и машите сакаат ниски девојки. Јас да сум машко само ниски би гонела, оние високите воопшто не ми се допаѓаат, како некои чапји“, се пошегува во една пригода шармантната пејачка.