Наши ѕвезди

Ова е 24 год. помладата сопруга на Благоја Грујовски – вистинска убавица која ретко се појавува во јавноста

Оваа занесна русокоса ретко ја гледаме во јавноста

Advertisement

Понежната половина на Благоја

Нашиот познат фолк-пејач Благоја Грујовски (62) повеќе од три децении е присутен на нашата музичка сцена.

Advertisement

Од првиот негов хит кој го испеа некаде на почетокот на 90-тите, па се до сега, тој важи и за еден од омилените пејачи во Македонија.

Фејсбук/ Благоја Грујовски

Покрај големиот број хитови, Благоја често го гледавме и во улога на водител, а на фестивалите и денес освојува награди.

Advertisement

Така беше и со неговиот последен фестивалски настап кога заедно со Василија Петрова го освоија второто место.

Повеќе за соработката на Благоја и Василија и нивната песна со која настапија на Фолк-фест Валандово, прочитајте тука.

Фејсбук/ Благоја Грујовски

Но и покрај големата популарност, нашиот познат фолк-пејач за својот приватен живот ретко зборува.

Фејсбук/ Благоја Грујовски

Тој во младоста беше во брак со познатата водителка Татијана Стојановска, со која има и син Матеј кој веќе е возрасен.

По Татијана Благоја повторно заплови во брачните води, овој пат со 24 години помладата Ирена со која доби уште едно дете.

Ирена беше бремена на нивната свадба, така што набргу го добија синот Марко и се остварија во улога на родители.

Фејсбук/ Благоја Грујовски

Тие направија свадба во 2009 година, а речиси три години претходно беа во врска, пред да застанат на лудиот камен.

За кратко време откако се запознале помеѓу нив пламнала љубов, а овој пламен и денес гори, што пејачот го покажа деновиве.

Фејсбук/ Благоја Грујовски

Имено, Благоја на социјалните мрежи сподели фотографија од нивниот одмор во Грција, со што ги изненади своите бројни фанови.

Од објавата може да видиме дека неговата сакана и денес плени со својот шарм, а Благоја блеска во нејзино присуство.

Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение:

Инстаграм/ Благоја Грујовски

Бонус видео

Што си ветивме – Благоја и Василија

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button