Наши ѕвезди

Ова беше шок и за Боки – Цеца се огласи по скандалот. Погледнете што точно се случи со бугарското знаме

Не стивнуваат реакциите по скандалот што го направи Цеца во Велес, а меѓу првите се огласи и Боки 13

Advertisement

И Боки се огласи во врска со скандалот

Популарната фолк-пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ ненамерно направи голем скандал на концертот во Македонија.

Advertisement

Имено, таа во еден момент од публиката го доби бугарското знаме и со истото предизвика негативни реaкции кај публикатa.

Принтскрин/ ТикТок

По ненамерниот гаф од страна на пејачката, се огласи и Бојан Јовановски попознат како Боки 13.

„Што направи Цецо, сред Велес, сред Македонија, со тоа бугарско знаме?! Ти го подметнаа жено, а ти уште и го бакнуваш. Што направи, Цецо“, вели Боки во видеото што предизвика внимание и кај медиумите во соседството, па истото беше и објавено кај нив.

По скандалот со знамето и бројни реакции на социјалните мрежи се огласи и Цеца и истакна дека и е многу жал доколку некого повредила со овој свој непромислен чин.

Но таа исто така истакна и дека ништо не може да застане помеѓу неа и нејзината публика, бидејќи само тие знаат како беше во салата.

„Жал ми ако тој чин некого повреди- тоа навистина не ми беше намерата, а посебно не да ги навредам или повредам домаќините. Верувам дека тоа го знаете. Ви се заблагодарувам на прекрасната вечер и на преубавата енергија“, изјави Цеца за „Блиц“ по концертот во Велес.

Принтскрин/ ТикТок

Таа исто така истакна дека неа и публиката ги поврзува љубовта кон музиката, без разлика кој од каде доаѓа.

@skopjeeden

Целиот инцидент на Цеца со бугарското знаме во Велес. #ceca #veles #incident

♬ original sound – Skopje1.mk

Цеца со македонското знаме во Врање

Потсетуваме, Цеца пред неколку месеци одржа концерт во Врање кога пред публиката го завеа и македонското знаме.

Пејачката тогаш пред публиката во овој српски град го вееше старото знаме со Сонцето од Кутлеш, кое го доби од една девојка.

Принтскрин/ ТикТок

И како што откри Цеца, оваа девојка е нејзина голема обожавателка која досега била на бројни нејзини концерти, па пејачката сега реши да ја поздрави пред публиката. Но покрај поздравот, Цеца воедно ѝ посвети и една песна што ја испеа н сцената, а потоа го зеде македонското знаме со Сонцето од Кутлеш и го развеа на сцената.

„Нема поубава глетка од тоа кога знамето на друга земја ќе го подигнам во својата држава. Браво, браво“, истакна тогаш Цеца, па додаде и дека знамето било кај нејзиниот придружен вокал.

Принтскрин/ ТикТок

Станува збор за пејачот Мики Секуловски, но и дека сега е кај неа, бидејќи е себична кога е во прашање публиката.

Повеќе за ова прочитајте тука >>

@katarinatomicc

🇲🇰❤️ #foryoupage #viralvideo #foryouu #ceca #vranje #macedonia

♬ original sound – KT

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button