Реклама
UncategorizedНаши ѕвезди

Ова беше посебен ден за Исаура од „Преспав“ – актерката никогаш посреќна, и сопругот си блеска со неа

Гордите родители го прославија првиот роденден на ќеркичката

Реклама

Нашата позната актерка Емра Куртишова и нејзиниот сопруг и колега Петар Стојанов имаа посебна причина за радување.

Имено, шармантната Исаура од „Преспав“ го прослави првиот роденден на својата ќеркичка Лена, па откри детали од прославата.

Тие роденденот го прославија во еден познат ресторан, а целиот простор беше исполнет со балони во сите бои и весели дечиња.

Маркетинг

Инстаграм/ Емра Куртишова

Како што може да се види и од објавите, малата Лена која беше облечена како принцеза најмногу се радуваше на убавата торта во розова боја на која стоеше големо слонче во пастелни нијанси.

Маркетинг

Инстаграм/ Емра Куртишова

Родителите цело време не ја тргаа насмевката од лицето, а мама за оваа пригода избра фустан без ракави и блескаше од среќа.

Инстаграм/ Емра Куртишова

Потсетуваме, Емра и Петар беа три години во врска пред да застанат на лудиот камен, а Петар ја запроси на нејзинито роденден.

Инстаграм/ Емра Куртишова

Тие во јуни минатата година направија свадба, а Емра по неколку месеци се породи и ја роди малата Лена.

„Среќа до небо и назад. Гордост наша, среќен роденден“, напиша Емра под фотографиите што ги објави на Инстаграм.

Инстаграм/ Емра Куртишова

Инстаграм/ Емра Куртишова

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button