Наши ѕвезди

Ова беше најемотивниот момент во „Ѕвездите на Гранд“ – победникот пушти солзи, Цеца скокна од радост

Вечер што не се заборава

Advertisement

Никола победи во „Ѕвездите на Гранд“

Младиот пејач Никола Станишиќ од Скопје триумфираше во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Advertisement

Победникот во ова шоу се избира со помош на СМС гласови од публиката, а за Никола се гласаше убедливо најмногу.

Принтскрин/ Јутуб, Блиц ТВ

На крајот останаа само Никола и Елвис Мешиновиќ од Босна, а водителот Војо Недељковиќ го откри победникот.

Advertisement

Неговата менторка Цеца кога го слушна неговото име, веднаш скокна и од радости го гушна младиот пејач.

Принтскрин/ Јутуб, Блиц ТВ

На Никола веднаш му потекоа и солзи радосници, а наградата ја доби лично од Сузана Јовановиќ, вдовицата на Саша Поповиќ.

Принтскрин/ Јутуб, Блиц ТВ

Тој со оваа победа е крунисан како нова Гранд ѕвезда, а за време на финалето цело време пееше македонски песни.

Веднаш по победата Никола го даде и првото свое интервју за медиумите, а во шега ја потсети Цеца дека му ветила песна.

Принтскрин/ Јутуб, Блиц ТВ

„Одиме да пиеме до рано наутро, да се веселиме. Сите сме победници, сите се дружевме, не само како колеги, туку и како семејство“, вели Никола во интервјуто за Блиц, а додаде и дека неговата менторка Цеца го советувала да пее македонски песни во натпреварот.

Инаку, по победата и Цеца даде интервју за медиумите, а откри и дека Никола го убедила да не се откажува од шоуто.

„Тој имаше трагедија во семејството. Јас бев таа што буквално го убедив да се врати, бидејќи со ништо не може да ја промени ситуацијата, тоа е нешто што го потресе целиот Балкан, но и дека може со својата песна да допре до сите срца, бидејќи тој тоа го заслужува со својот талент“, вели Цеца за својот кандидат што победи.

Принтскрин/ Јутуб, Блиц ТВ

Потсетуваме, Никола во третиот круг од финалето ја изведе песната од ДНК Ако утре ме нема и ги расплака речиси сите.

Тој овој настап им го посвети на жртвите што настрадаа во пожарот во Кочани, а публиката г награди со овации.

Повеќе за ова прочитајте тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button