Ова беше најемотивниот момент од концертот на Влатко Миладиноски – својот вујко Војо не го заборави
Браќата Миладиноски приредија вечер за паметење

Публиката цело време пееше во еден глас со нив
Младиот пејач Влатко Миладиноски со својот глас, харизма и сценски настап ја освои публиката во охридскиот Антички театар.
Неколку недели по успешниот концерт во Скопје, Влатко Миладиноски заедно со големиот оркестар на неговиот брат Златко Миладиноски вчера направија концерт за паметење во Античкиот театар во Охрид.
Фото: Аидемедиа, ГМ
Тие заедно на сцената предизвика голем аплауз и овации по секоја песна, а Влатко со песна се присети и на неговиот вујко, легендарниот пејач Војо Стојаноски, чиј живот згасна во 2014 година.
Потоа следуваше и најемотивниот момент кога на сцената се појави и синот на Војо, Дамјан Стојаноски, па им се приклучи и нивниот братучед Дарко Стојаноски, но и колегата Спасен Сиљаноски.
Фото: Аидемедиа, ГМ
Влатко заедно со своите гости им ја разубави вечерта на сите, а во текот на вечерта и неколку пати пееше меѓу публиката.
Фото: Аидемедиа, ГМ
Во првите редови седеше и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, а седиштата беа полни до последно место.
Фото: Аидемедиа, ГМ
Публиката беше воодушевена и заедно во еден глас ги пееше песните со Влатко заминувајќи си дома полна со емоции.
Фото: Аидемедиа, ГМ
Миладиноски пак, со овој свој концерт уште еднаш потврди зошто важи за еден од нашите најдобри фолк-пејачи.
Фото: Аидемедиа, ГМ
Нашата публика дефинитивни знае да го цени вистинскиот труд, а како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение:
Повеќе фотографии погледнете тука>>