Наши ѕвезди

Ова беше најемотивниот момент на концертот на Цеца – престана да пее, па го викна Мики Секуловски

Цеца го прекина концертот, па го викна Мики Секуловски

Advertisement

Балканската фолк-дива Светлана Цеца Ражнатовиќ на концертот се појави во издание со кое привлече големо внимание.

Најголемата балканска ѕвезда одржа концерт за паметење во Ниш, на платото пред тврдината, на кој имаше преку 15.000 луѓе.

Advertisement

Насмеана и расположена Цеца се појави на бината, а публиката падна во транс кога таа излезе и го зеде микрофонот.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Цеца за оваа пригода избра розов комплет, со корсет во розова нијанса зачинет со карнери и металик сребрени детали.

Advertisement

Таа целото издание го „зачини“ со дискретен накит и минимална шминка, додека косата и беше врзана во опашка.

Цеца со новиот финалист од Македонија

Но она што најмногу ги изненади сите, беше тоа што Цеца ова издание наместо со штикли, го заокружи со бели патики.

Како Цеца изгледаше, погледнете во продолжение:

Принтскрин/ Инстаграм

Најемотивниот момент

Цеца откако испеа неколку песни, во еден момент престана да пее и се доближи до публиката која беше воодушевена од неа.

Принтскрин/ Инстаграм

И бидејќи во првите редови во главно беа деца, кои упорно и даваа подароци, Цеца дојде до нив, за да ги собере сите букети, мечиња и слики од нив. Таа потоа му ги подаде на Мики Секуловски, кој и овој пат беше покрај пејачката на сцената, како придружен вокал. И тој одвај успеа да ги собере сите подароци од фановите.

„Ќе ме расплачете. Доста. Ви благодарам. Леле, Мики колку подароци имаш, еве затоа кога ќе се вратиш, во тоа име ќе пееме“, кажа Цеца.

Принтскрин/ Инстаграм

Принтскрин/ Инстаграм

„Мики Секулоскиии.. Почнуваме…“ извика Цеца на сиот глас и заедно со нашиот пејач го продолжи концертот.

Принтскрин/ Инстаграм

Како сето тоа изгледше, погледнете во продолжение:

@republika.zabava

#cecaraznatovic #nis #suze #koncert #republikatv

♬ original sound – Republika Zabava

Како изгледаше и колешката на Мики од „Ѕвездите на Гранд“, Јулија Петровиќ, која исто така настапува на концертите со својата поранешна менторка Цеца, погледнете во продолжение:

@cecaraznatovicfan1

#cecaraznatovic #fpy #viral_video #svetlanacecaraznatovic #ceca #fpy #srbija🇷🇸 #cecaraznatovic #fpy #viral_video #svetlanacecaraznatovic #ceca #svetlanacecaraznatovic #videoviral #cecaraznatovic #fpy @CECA

♬ original sound – CecaRaznatovic👸🏽

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button