Реклама
Наши ѕвезди

Ова беше една од најубавите вечери на Зоки Фаци – пријателите не го заборавија, не го оставија сам

Ова беше љубов...

Реклама

„Треба да му ја пуштиме најубавата енергија“, побараа тогаш Панчо и Андреј од публиката да го поздрават Зоки…

Македонскиот естраден новинар Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци, беше закопан пред точно една недела на гробиштата во Катланово.

Тој почина на 1 ноември по долга и тешка болест со која храбро се бореше, а на социјалните мрежи се уште се вртат објавите од неговите пријатели, колеги и соработници со кои тие со многу емоции и тажни зборови се збогуваа од познатиот новинар.

Маркетинг

Инстаграм/ Зоки Фаци

Но една од овие објави посебно „кинат душа“, а многумина пуштија солзи кога оваа снимка се појави по смртта на Зоки

Маркетинг

Имено, станува збор за снимка од пред неколку месеци, од еден настап на ДНК, на кој присуствуваше и починатиот новинар.

Инстаграм/ Стефан Лазаров

Панчо тогаш од сите побара да го поздрават Зоки, да му ја пуштат најубавата енергија, по што следуваше бурен аплауз.

Принтскрин/ Фејсбук, ДНК

Зоки беше воодушевен и им се заблагодари, а остана без зборови кога сите ја запеаја во еден глас песната што ДНК му ја посветија.

Принтскрин/ Фејсбук, ДНК

„Оваа песна сакам да ја посветам на еден долгогодишен наш пријател и одличен новинар кој знае да направи добри приказни за таблоидите. Во последно време животот не му се насмевна баш, ама тогаш сфаќате дека имате многу добри пријатели и другари, и колку луѓето те сакаат и ценат. Дали може да го поздравиме Зоки, попознат како Фаци, кој вечерва дојде тука со нас“, изјави Панчо од сцената, по што следуваше бурен аплауз со кој гостите го поздравија новинарот.

Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…

Патувај низ царството небесно

Панчо под видеото што го објави по смртта на Зоки напиша дека истото ќе остане на социјалните мрежи за да покаже дека тој никогаш не бил САМ, па дури и во моментите кога самиот мислел дека е.

Принтскрин/ Инстаграм

Посебно во Македонија, за жал луѓето те возвишуваат тогаш кога ќе те нема повеќе меѓу живите, ама прости им како што секогаш знаеше да простиш секому, вели Панчо во својата објава на социјалните мрежи, додавајќи дека многумина го суделе без никогаш воопшто да размениле две реченици со него и кои воопшто не ја познавале неговата душа.

Принтскрин/ Инстаграм

„Ќе фалиш како пријател, новинар и пред се добар и искрен човек. Патувај низ царството небесно и конечно горе најди си го мирот и одмори се, напиша на крајот музичарот и изрази сочувство до најблиските.

Инстаграм/ Зоки Фаци

Инстаграм/ Зоки Фаци

Инстаграм/ Зоки Фаци

Инстаграм/ Зоки Фаци

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button