ПАВЛЕ Е НАЈГОЛЕМОТО БЕБЕ ВО РЕГИОНОТ, А ОВА Е НАЈГОЛЕМОТО ВО МАКЕДОНИЈА – ќе се изненадите
Ова е Павле, бебето џин
Малиот Павле е „вистински џин“, а неговата мајка е херој која ги издржа сите напори за да го роди здраво своето дете.
Во Горен Милановац во Србија Сузана Кучина го роди бебето рекордер – тешко 6420 грама и долго 68 сантиметри.
Како што вели оваа мама, бебето рекордер ќе се вика Павле и тоа е нејзино трето дете – првите две била со нормална тежина.
Таа исто така истакнува дека имала нормална бременост, и имала мали проблеми само околу движењето.
Малиот Павле е роден неколку дена пред терминот, а како ужива покрај неговата горда мајка погледнете во продолжение.
„Можеби малку повеќе јадев солена храна и бев забавена, но сега знам и зошто“ додаде оваа мајка, пренесува агенцијата РИНА.
Инаку, во оваа болница во Горен Милановац претходно рекордот го држело исто така машко бебе кое се родило пред неколку години, а било тешко 5900 грама, пишува „Курир.рс“.
Најголемото бебе во Македонија
Најголемото бебе во Македонија се роди пред четири години. Тоа се роди во скопската Клиника за гинекологија и акушерство, и тоа по природен пат, а беше тешко 5700 грама и долго 55 сантиметри.
Најголемото бебе во светот
Акбар Рисудин од Индонезија кога се роди го сруши светскиот рекорд и важи за најголемото бебе на светот.
Акбар Рисудин
Ова бебе беше родено во Јужна Суматра и кога дојде на овој свет имаше неверојатни 8.7 килограми.
Ова бебе беше родено во 2009 година и го сруши рекордот што пред него го постави неговата другарка Наџа од Сибир која на овој свет дојде како 12-то дете на Татјана Барабонова со 7.75 килограми.
Акбар Рисудин
Пред Акбар официјално најголемо бебе е родено во Охајо, во 1879 година и тежело 10.8 килограми.
Но за жал ова бебе починало само 11 часови подоцна.