Вирално

Не, мојот сопруг НЕ ме фрли од тераса – отворено писмо на Соња Тарчуловска за сумата од 5000 евра што ја примаше од државата

Advertisement

Со отворено писмо се огласи Соња Тарчуловска

Advertisement

Таа го напиша писмото откако на една страница на Фејсбук која се занимава со криминалите на поранешната Влада предводена од Никола Груевски беше објавен документ од владата на кој се гледа дека во 2011 гофина била донесена одлука со која семејството на Јохан Тарчулевски му е одобрен месечен надомест во износ од 5.000 евра.

Еве што вели таа во писмото:

 

Кој ви рече дека некој бега да одговори на прашањето за надоместокот за трошоците околу патувањата во Хаг каде што бевме предадени и обвинети.

Каде побаравте одговор?

Одговорот требаше да го побарате кај мене, Соња Тарчуловска.

Еве јас ќе ви кажам.

Во периодот од 8 години додека Јохан Тарчуловски лежеше затвор за Македонија, секој месец државата ни исплатуваше надомест од 5000 евра.

Душегрижници прочитајте добро.

Еве Ви ја пресметката :

Јас Соња Тарчуловска, Мелани и мајката на Јохан.

Авионскиот билет чинеше 800 евра x 3=2400

Најевтиниот хотел во Хаг чинеше 150 евра од вечер за тројца по 7 дена, 1050 евра.

Транспортот од хотелот до затворот во два правци чинеше 40 евра, значи 280 евра.

Секој месец по 1000 евра префрлавме на сметка во затворот за прехрана и телефонски картички, тоа се 4730 евра.

Со останатиот дел од 270 евра преживувавме месечно во Скопје.

Ова воопшто не е правдање и немам намера никому да се правдам, но бидејки јас и моето семејство бевме повикани да не оцрните, наводно сме се богателе од државна сметка, не можете да не оцрните.

Знаете ли зошто?

Затоа што нас не можеше да не скрши и оцрни и затворот.

Нас не не раздели и душманот.

Не можете да ги оцрнете и скршите нашите деца, затоа што растеа без татко додека вие ги гледавте вашите секој ден.

Со ни една изјава не успеавте и нема да успеете мене како сопруга и мајка да ме омаловажите дека сум неморална.

А да не заборавам да одговорам на сите оние кои беа загрижени дека мојот сопруг ме фрлил од тераса. Само едно ке ви кажам: НЕ, ЈОХАН НЕ МЕ ФРЛИ ОД ТЕРАСА.

Може да сонувате да имате брак како нашиот и никогаш не би се избориле со искушенијата низ кои поминавме ние.

Ова е мое прво обраќање после 5 години.

Верувајте ниту една дечја солза невреди за никакви пари.

Ниту една изгубена младост не вреди за никакви пари.

Ниту една празнина и страв не се надополнува со пари.

За крај ние не предадовме никого, нас не предадоа.

Инаку, истата година кога семејството на Тарчуловски му беше одобрен месечниот надомест лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, беше уапсен од македонските власти под обвинение за наводно незаконско финансирање на предизборната кампања. Брат Љубе беше експресно осуден поради тоа, па неговата казна ја одлежа во Идризово.

Тој и Јохан беа единствените осудени од Меѓународниот суд за воени злосторства во Хаг за вооружениот конфликт во 2001 година.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button